(ВИДЕО) Богоевски: Отслужувањето казна затвор е оправдание за неприсуство на работа

Од:

Ден пред одржувањето на седницата на комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, по предлогот за одземање на мандатот на Никола Груевски, се поизвесно е дека експремиерот ќе го задржи пратеничкото место. Дали тој е недостоен за извршување на функцијата пратеник, пратениците ќе дискутираат утре, а претседателот на комисијата, Павле Богоевски не сака да прејудицира каков заклучок ќе биде донесен.

Тој вели дека очекува конструктивна дебата, а исходот од гласањето според него ќе се знае на пленарната седница кога сите пратеници ќе имаат можност да дискутираат за ова прашање.

– Неблагодарно е да шпекулирам какви ќе бидат резултатите од гласањето, очекувам конструктивна дебата каде како комисија ќе утврдиме дали ке предложиме заклучок до целото Собрание, во кое ќе наведеме дали има елементи или нема за одземање на мандатот, вели Богоевски.

Во случај комисијата да достави предлог за одземање на мандатот, се води претрес на првата наредна седница на Собранието, а одлуката според Деловникот, се носи со двотретинско мнозинство од вкупниот број пратеници. Па оттука се поизвесно е дека Груевски ќе остане пратеник, ако се земе предвид дека владејачкото мнозинство нема 80 пратеници, а осумтемина пратеници од опозицијата кои гласаа за отворањето на Уставот, рекоа дека нема да гласаат „за“ одземање на мандатот на нивниот доскорашен сопартиец и почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

-Еден од условите за одземање на мандатот е шест месеци неоправдано отсуство од работа, а отслужувањето казна затвор и тоа како е оправдание за неприсуство на работа, објаснува Богоевски, во однос на прашањето за можно повторно свикување на Комисијата ако Груевски започне со издржување на затворската казна и биде отсутен од работа повеќе од шест месеци.

Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања утре ќе заседава врз основа на добиеното известување од кривичниот суд во кој се наведува дека пратеникот Никола Груевски е осуден на казна затвор во траење од две години.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

СДСМ: По Груевски, слободен е и Латас – јасен доказ дека Мицкоски управува со Обвинителството

СДСМ: Ослободувањето на Груевски е уште еден доказ за контролираното правосудство

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он