(ВИДЕО) Богоевски: ДУИ и Џафери се одговорни за заштитата на Вељаноски

Од:

„Обидот на колегата Груби да ја префрли вината за вчерашното фијаско на Комисијата за деловнички и мандатно -имунитетни прашања и на мене како нејзин Претседател се проѕирна лага и очаен обид за контрола на штетата која овој процес ја донесе врз нивната партија.

Кога се гласаше на комисијата, јас во три наврати се обидов да ја добијам колешката Мирсада Емини -Асани и испратив и СМС порака. Два пати таа ми го спушти телефонот, а третиот пат крена, најверојатно по грешка и дванаесет секунди ми дишеше на телефон без да изусти ниту збор. Тогаш престанав да се обидувам да ги добијам“, рече Павле Богоевски, пратеник од парламентарното мнозинство предводено од СДСМ и коалицијата.

„До моментот на започнување на последното продолжение на комисиската седница, јас немав потврда дека колешката ќе дојде, ниту дека е испратено возило по неа. Единствена работа полоша од тоа Комисијата да нема став, е да нема кворум и да не може да гласа.

Доколку чекавме со гласањето, а колешката не пристигнеше, се што требаше да направат ВМРО ДПМНЕ е да излезат од салата и комисијата немаше да може да ја заврши седницата. Тоа е единственото сценарио кое не би го обврзало Џафери да ја закаже пленарната седницата.

Затоа, нека престанат да ја лажат и манипулираат јавноста – единствената одговорност за вчерашното прекинување на седницата и за заштитата на Трајко Вељановски е кај Талат Џафери и кај ДУИ“, изјави Павле Богоевски, пратеник од парламентарното мнозинство предводено од СДСМ и коалицијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

(ВИДЕО) Фрчкоски: САД носат специјален закон за Западен Балкан, следуваат и „црни листи“, а се најавуваат и можни санкции

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија

(ВИДЕО) Филипче: Сѐ што најавивме се оствари, дупка од две милијарди евра, анти-ЕУ кампања за изолација

(ВИДЕО) Филипче: Без спроведени реформи нема укинување на техничката влада

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски