(ВИДЕО) Богоевски: На 30 септември, храбро, масовно и достоинствено да кажеме ДА за членство во ЕУ и НАТО

Од:

„Ве повикувам заедно, храбро и посветено, да учествуваме во обезбедувањето на иднината на нашата држава.

Со постигнатиот македонско -грчки договор, за прв пат во историјата на Република Македонија се нуди нај фер и најдобра шанса, историски гледано, за обезбедувањето на иднината на сите граѓани на Република Македонија.

За прв пат, имаме шанса да навистина сами одлучуваме за сопствената иднината“, рече Павле Богоевски, пратеник од парламентарното мнозинство предводено од СДСМ и коалицијата.

„Со прифаќање на Преспанскиот договор ние ги прифаќаме и неговите придобивки.

Со овој Договор, македонскиот идентитет е зајакнат и заштитен еднаш -засекогаш!

Јазикот е обезбеден и признаен во својата изворна форма без никакви фусноти, придавки или додавки.

Нашето државјанство е македонско, сега и во иднина, а државните симболи како што се химната, знамето и грбот нема да се менуваат.

Почитувани граѓани и граѓанки, со признавањето на овој договор за прв пат се отвораат вратите за членство на Република Македонија во ЕУ и НАТО, онаму каде што вредносно и цивилизациски припаѓа.

Поддршка на овој Договорот и референдумското изјаснување, за иднината на Република Македонија е највисок патриотски чин.

Затоа на 30 септември, храбро, масовно и достоинствено да кажеме ДА за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Преспанскиот договор. Да кажеме ДА за македонската иднина!“, изјави Павле Богоевски, пратеник од парламентарното мнозинство предводено од СДСМ и коалицијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски