(ВИДЕО) Богоев во Тафталиџе: Паркот што го одбранивме дополнително ќе го уредиме и разубавиме!

Од:

„Драго ми е што позади мене, токму во овој парк ја слушам топката од играта на најмладите.

Заедно протестирајќи во Тафталиџе 1, со нашата енергија и упорност ги победивме багерите на Стевчо Јакимовски и ВМРО-ДПМНЕ“, започна Стефан Богоев на средбата со граѓаните од Тафталиџе 1 кои го одбранија локалниот парк од нова зграда.

Богоев потенцираше дека проблемот околу паркирањето на улица “Прашка” ќе биде решен, а ќе се обезбеди и ограничување на брзината по сервисните улици.

Едномесечните средби со новата локална власт ќе бидат реалност. Ова ќе биде простор за презентација на различни идеи и размена на мислења меѓу граѓаните.

Средбата заврши со ветување дека после 15-ти октомври паркот ќе биде дополнително уреден, со тековно одржување на зеленилото и поставување на содржини за младите, повозрасните граѓани и домашните миленици.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски