(ВИДЕО) Богоев: Тргнете по Катица, само да не тргне народот со клоци по Груевски!

Од:

ВМРО-ДПМНЕ и пратениците кукаат, плачат и бараат отчетност како се трошеле државни пари. Која иронија колеги. Па и парите коишто цело СЈО ги работи година дена, колку опашката на Букефал се.

600 илјади евра Мерцедес не прашувате како се потрошени, сега ви текнува да кукате, ВМРО-ДПМНЕ да бара отчетност? Јаве ли е инсомнија ли е, проценете сами?!
Колку ли е болно сами да си потпишете и сами да си гласате за тој што ги гони криминалците во вашите редови, рече Стефан Богоев, пратеник на СДСМ, на денешната собраниска седница по повод точката на Дневниот ред за измените на Буџетот на Специјалното јавно обвинителство.

Гледаме по медиумите во општина Битола и градоначалникот Талески се под сериозно чешлање на Специјалното јавно обвинителство. А, има и зошто, сите слушнавме и видовме од проектот Вистината за Македонија, т.н. “бомби”.

Кој си ја има мувата на капата, нормално е да си ја ишка.

Престанете вие, и вашите челници од Владата, од партијата и политичкиот пензионер Груевски, престанете со притисок и опструкции на Специјалното јавно обвинителство, коешто заедно го избравме и гласавме.

Груевски спомнува народ, клоци. Престанете со опструкции на Катица Јанева, да не се сврти народот со клоците па да удри по Груевки.

На ВМРО-ДПМНЕ му тече низ ногавици, тик так – тик, так!

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ: Нова бомба – тендер од 1,2 милиони евра за фирма без работници блиска до ЗНАМ

А1он

СДСМ: Нема да нè замолчите, обидите за уривање на СДСМ одвнатре ќе бидат спречени

А1он

СДСМ: Поднесуваме нова претставка за навредите и омразата на Бранко Героски

Предраг Петровиќ

СДСМ: УЈП собира арач – фали една милијарда евра во буџетот

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски