Општина Карпош продолжува со континуираната грижа за своите сограѓани кои се со посебни потреби. По повод одбележувањето на 3- Декември, Светскиот ден на лицата со попреченост и финансиската поддршка што им ја дава локалната самоуправа на овие сограѓани, градоначалникот Стефан Богоев ја даде следната изјава:
„По повод Денот на лицата со попреченост, Општина Карпош повторно додели парична помош на лицата со посебни потреби кои се жители на нашата општина. Станува збор за повеќе од 120 лица кои добија еднократна парична помош, но, повторно, потенциравме денес, целта на општината е 365 дена во годината да се грижиме за овие наши сограѓани.
– Советот на Општината донесе одлука со која ќе субвенционира локали кои работат на територија на Општина Карпош и на територија на Градот Скопје, коишто ќе вработуваат лица со посебни потреби, а се жители на Карпош.
– Исто така, во контекст на овој Меѓународен ден, оваа недела ја отвораме „сензораната соба“ за дечиња со посебни потреби во општинското основно училиште „Димо Хаџи Димов“. Ние како Општина продолжуваме да бидеме партнер со овие наши сограѓани, бидејќи сме сите исти, иако, на некој начин сите сме различни“, изјави градоначалникот Богоев.