(ВИДЕО) Богдановиќ: Трајановски да се повлече од уништување на Кеј, бизнис партнерот на Груевски да престане со градба

Од:

„Денеска сме тука собрани заедно со граѓаните и сопствениците на угостителските објекти да го изразиме своето незадоволство во врска со отпочнување на изградбата на подземната улица, којашто ќе треба да го уништи кејот на реката Вардар, односно шеталиштето.

Само сакам да напоменам дека во изминатиот период донесовме една одлука како Општина Центар кадешто законски успеавме да ја спречиме постапката на оваа улица, но сепак со измени на законот градот ни ги одзема ингеренциите во тој дел.

Но, не застануваме тука. Во понеделник договоривме заедно со советниците на Општина Центар, вонредна седница, во којашто ќе ги превземеме сите законски мерки со коишто ќе спречиме да продолжи изградбата на оваа криминална улица којашто, знаете дека ја гради познатиот бизнис партнер на Груевски, Александар Ивановски, Алек Тера Нова, којшто беше познат во бомбите, односно во проектот Вистината за Македонија.

Сакаме да апелираме и до инвеститорот Ивело Груп, односно изведувачот на улицата веднаш да престане бидејќи ќе се соочи со одредени санкции којшто следуваат за него.

Да го повикаме и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски да ја повлече одлуката за изградба на оваа улица, односно одобрението за градба. Ако тоа не се случи, како Општина Центар ќе превземеме соодветни мерки, а последиците ќе ги сносат лично тие“ изјави Саша Богдановиќ, претседател на ОО на СДСМ Центар.

Богдановиќ по прес конференцијата одговараше и на новианрски прашања на кои што кажа дека одобрението е издадено од страна на Град Скопје.

Трајановски вели дека целата надлежност за оваа улица е во рацете на општина Центар?

Одобрението е издадено од страна на Град Скопје, како што напоменав пред малку оваа улица требаше да е подземна за да Телеком зградата добие употребна дозвола на 21.12.2012 година, да биде сменет ДУП-от од стана на Тодоровиќ и тогашното раководството, односно тогашните советници на ВМРО ДПМНЕ, е направена надземна. Одобрението за градба го издало Град Скопје, не е издадено од страна на општина Центар, но без разлика на се, од понеделник од страната на советот на општина Ценар ќе бидат донесени соодветни одлуки со којшто ќе се стопира целосната изградба. Воедно ги повикуваме и изведувачот на улицата и Град Скопје и сите останати коишто имаат одредена должност, веднаш да им дале одредени согласности, да прекинат бидејќи ќе се соочат со одредени санкции којшто потоа сами ќе си ги сносат.

За какви мерки станува збор, какви мерки ќе има?

Најрадикално нешто што ќе превземеме, тоа го најавивме и во изминатиов период, ќе бараме отфрлување на овој ДУП, и со тоа ќе ја попречиме, ќе го вратиме ДУП-от во првобитна состојба, така да ќе се врати да треба да се изгради подземна сообраќајница и со тоа ќе биде оневозможено градење на оваа улица.

Ќе може ли тоа општината да го направи, со оглед на политичка ситуација, нераспишани локални избори, градоначалници со истечени мандати?

Ние веќе го направивме, колку за знаење мандатот трае некаде до април, бидејќи како што знаете, во Центар имаше три круга. Ние тоа ќе го направиме во понеделник, мандатот се уште трае, ние тоа веќе еднаш го направивме, кога донесовме забрана за градење. За жал, ВМРО ДПМНЕ го смени тој закон и ги скрати тие ингеренции, но имаме останати активности коишто ги превземавме во изминатиов период и тие ќе ги донесеме во понеделник со тоа што ќе ја спречиме изградбата на оваа улица.

Гледаме дека тука протестираат сопствениците на локаливе, дали може да ни кажете што би значело тоа за нив, ако оваа улица профунционира?

Јас можам само да кажам дека се загрозува, пред се безбедноста на граѓаните, значи на место каде што треба да има шеталиште ќе поминуваат возила и со самото тоа се загрозува целата безбедност. По ниеден нормален закон или по ниеден пропис не смее да се дозволи вакво нешто, но сепак и самите гледате дека продолжуваат со уништување, односно со тоа што го имаат зацртано да го остварат, меѓу другото и шамарите што беа за во општина Центар и демолирањето на општината не беше ниту за црква, ниту за било што, беше за да се завршат криминалните работи на неговите бизнис партнери, но и сега им порачуваме како и тогаш дека тоа ќе биде спречено, доколку сакаат да продолжат, ќе се соочат со соодветни санкции како што и се соочуваат во изминатиов период.

Во однос на катната гаража што се најавува исто така во близина на објектот на Телеком, дали има најави таа кога ќе добие одобрение за градба?

Јас колку што знам нема, но сепак се што е против интересот на граѓаните од наша страна ќе биде спречено.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: Македонија заслужува европска иднина, нема откажување

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Тоа што ДУИ го критикува работењето на СДСМ, а СДСМ нема кажано ниту збор против ДУИ, докажува дека се нивни измеќари

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

СДСМ: Мицкоски едно зборува дома за уставните измени, друго надвор, не може да му се верува

(ВИДЕО) Интервју со Димитриевски: Исклучувам постизборна коалиција со СДСМ, дел од раководството треба да одговара

Александар Тодески