Директорот на ЈП ПОЦ, Саша Богдановиќ, на прес-конфенција рече дека во изминатиот период успеа да го стабилизира работењето, и да подмири приближно околу 200.000 евра наследени долгови од претходната власт.
Еве што кажа Богдановиќ:
Во изминатите две години успеавме да заштедиме средства од општината поточно не побаравме ниту еден денар од општината како субвенции за нашето тековно работење како што тоа било случај во минатото каде општината на годишно ниво давала и до 350.000 евра субвенции само за да може претпријатието да ги обавува своите дејности. Гледајќи од периодот кога дојдов на позицијата прв човек на ЈП ПОЦ до денес, можам да констатирам дека претпријатието во целост може да ги исполнува обврските према своите добавувачи, према државата но и во скоро време и према општината.
За прв пат од постоењето на ЈП ПОЦ успеавме да започнеме покрај тековните обврски да исплаќаме комунална такса која претпријатието ја должеше према општината. Почнувајќи од крајот на 2014 година и почетокот на 2015 година исплативме 2 милиона денара комунална такса, а планот ни е до крајот на 2015 година во Општина Центар да вратиме повеќе од 200.000 евра со што општината во наредниот период ќе има константен нов извор на средства во својата каса.
Со особено задоволство можам да кажам дека ЈП ПОЦ продолжи и во минатата 2014 година но и оваа 2015 година да го помага КК РАБОТНИЧКИ, кој од клуб затекнат во очајна состојба, со долгови и без играчи, го вративме повторно на победничките патеки.
Центарци ги добиваат своите повластените паркинг карти,но оваа привилегија е и за граѓаните кои не се жители на општината, за вработените но и за деловните субјекти и образовните институции каде основач е општина Центар.. Благодарение на советот на Општина Центар и поддршката која ни ја дадоа, за прв пат за вас новинарите воведовме новинарска карта, како што вие баравте за да можете да ја обавувате вашата работа . Со оваа одлука мислам дека сме единстветни како институција и општина која ги разбрала и излегла во пресрет на новинарите.
Во изминатата 2014 година ЈП ПОЦ порача и изработи нови проекти за паркирање, дел се веќе готови и предадени во Град Скопје и МВР.
Во изминатата 2014 година ЈП ПОЦ инвестираше во нови гостински карти за граѓаните и воедно го зголеми бројот на гостински часови од 30 на 90 годиниски часа . Воведувањето повластената карта за нега од трето лице им овозможи на сите тие кои се грижат за стари и изнемоштени лица со поволностите кои ги нуди јавното претпријатие да паркираат на нашите паркиралишта и да понудат нега на тие на кои им е потребна.
Повластени паркинг карти имаат лицата со посебни потреби, со што ја покажуваме грижата за овие граѓани.
ЈП ПОЦ во измината година модернизираше дел од софтверот за следење на наплата но и набави нови апарати со кој се подобри и зголеми контролата на терен.
Во 2015 година ЈП ПОЦ планира да воведе нови начини за наплата на нашите услуги пред се користејќи пеј пес плаќање и плаќање преку интернет.
Во план ни е да ја освежиме и постоечката сигнализација, но и да воведеме поголема контрола и безбедност на нашите паркиралишта.
Во соработка со општината планираме да започнеме голема акција за отстранување на сите хаварисани и напуштени возила. Исто така со инспекциските служби и службите во општината планираме да ги отстраниме сите диво поставени рампи, ланци и блокатори со што ќе спречиме узурпација на јавните површини.