(ВИДЕО) Богдановиќ: Да престанат притисоците на Груевски врз институциите во Центар

Од:

„Најостро ги осудуваме притисоците од страна на партијата на Никола Груевски врз легално и легитимно избраните институции во општина Центар.

Власта на Груевски е навикната институциите на системот да постапуваат по партиска директива“, изјави на денешната прес конференција претседателот на ОО СДСМ Центар,Саша Богдановиќ.

„Сега кога се отвори прашањето за нелегалноста на зградата на А.Д. Бетон, во којашто треба да биде сместен новиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, гледаме дека се прави `се, да се спречат институциите на системот во општина Центар, да ги преземат соодветните дејствија и мерки.

Тоа на Груевски му поминувало кога преку претходните општински власти во Центар стигнувал до милионски парцели на Водно.

Како СДСМ и како Општинска организација на СДСМ во Центар ги охрабруваме надлежните институции во општина Центар да постапат според законските овластувања, што потсетуваме, дека е нивна обврска.

Од партијата ВМРО-ДПМНЕ не слушнавме објаснување:

-Како, за само 5 години, ВМРО-ДПМНЕ преку мнозинството во општинскиот совет успеја да го зголеми просторот за партиското седиште во новата зграда од 2000 на 8500 м2 и

-Дали издаденото одобрение од Град Скопје за поставување настрешница во склоп на објектот ја покрива градбата на балконот или балконот е изграден на државно земјиште вон градежна парцела и истиот тој балкон узурпира земјиште сопственост на Република Македонија?

Потсетуваме дека законите во оваа држава мора да важат еднакво за сите.

Како претседател на ОО СДСМ Центар најавувам дека во наредниот период ќе се одржи координација со советничката група на СДСМ и коалицијата, на којашто ќе предложиме да се разгледа нашиот предлог, седницата на Советот што ја бара ВМРО-ДПМНЕ, да се одржи пред новиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ.

Сметаме дека е во интерес на нас, жителите на општина Центар и во интерес на јавноста да се дознаат сите аргументи во врска со нелегалноста на дел од објектот каде што ќе биде сместено новото седиште на ВМРО-ДПМНЕ.

Воедно јавноста изворно ќе слушне што очекува ВМРО-ДПМНЕ и дали тоа што го очекува е прекршувања на законот и партијата да има тераса на државно земјиште, надвор од градежната парцела“, рече Богдановиќ.

Би можело да ве интересира

Вреди: Функционери на ДУИ се обидоа по секоја цена да го вратат Никола Груевски на власт и да го ослободат Сашо Мијалков

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните

Мицкоски: Дел од функционерите на поранешната владина коалиција во Будимпешта се среќавале со Груевски

Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно