(ВИДЕО) Богдановиќ: Без причина бев приведен и тепан од полицијата

Од:

Денешнава изјава ја давам, по повод настанот што се случи вчера после завршување на натпреварот помеѓу екипите на Работнички и МЗТ, да кажам што конкретно се случи во текот на вчерашниот ден, изјави Саша Богдановиќ, претседател на ОО СДСМ Центар.

„По завршување на натрпеварот Работнички-МЗТ, тука пред влезот кадешто влегуваат играчите, бевме да се поздравиме со  дел од играчите со којшто и лично се познаваме. Од страна на полицијата, коишто беа триесетина на број, почнаа да ги тргаат луѓето. На моето прашање зошто смо ги поместуваат луѓето, односно зошто ги терате луѓето да се тргнат, сакаат само да се поздрават со дел од играчите, дел од полицајците почнаа да ме влечат. Кога прашав зошто мора да се применува сила, ме легнаа на земја, со неколку удари по глава. Потоа ме кренаа и ме однесоа во најблиското полициско комбе.

Ме држеа едно 10-15 минути и потоа ме спроведоа во полициската станица Беко. Во полициската станица Беко ме задржаа некаде околу три часа. Никој од полицајците не знаеше зошто сме задржани и зошто сме приведени. Неколку пати пробуваа да запишат причина зошто сме санкционирани и однесени во полициска станица. Прво дека сме попречувале лишување од слобода, а потоа дека сме навредувале и на крајот дека сме одбиле наредба да се поместиме, бидејќи ниту нарушувавме јавен ред и мир, ниту правевме проблеми. Сосема спротивно на тоа само сакавме да се поздравиме со дел од играчите со коишто, пак ќе кажам лично се познаваме.

Ни беше кажано од страна на началникот, кој беше тогаш задолжен за овде, дека мора да не приведат и  потоа без причина, без да ни дадат некакво образложение, не држеа три сата, и ни напишаа прекршочна пријава.

Потоа, бидејќи бев удрен во главата, бев во Ургентниот центар, на клиника, кадешто ми е констатирана контузија. По примените лекарства, некаде околу три и пол часот бев пуштен на домашно лекување“, рече Богдановиќ.

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Реформи во ВМРО, наместо нови лица – стара банда

(ВИДЕО) СДСМ: Криминалецот Симе пука и го цитира Шешељ

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие на Филипче и СДС, во Собрание гласаа против „Безбеден град“, а сега велат да се казнат тие што сакаат да возат нерегистрирани возила и без возачка

СДСМ: Мицкоски не сака да ги покачи платите на работниците, нема веќе изговори, сè е јасно како ден

Горан Наумовски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

Тренчевска: Решението на СДСМ значи поддршка на работниците за 600 евра плата и поддршка на компаниите