(ВИДЕО) Богдановиќ: Бесплатен паркинг ќе има сакале или не Градските власти

Од:

Советот на општина Центар ја изгласа одлуката за бесплатно зонско паркирање за жителите на Центар.

Директорот на Паркинзи Центар, Саша Богдановиќ ги повика граѓаните на општина Центар кои имаат поднесено или треба да поднесат барање за добивање на повластена паркинг карта, во наредниот период да склучат нов или да ги обноват постоечките договори.

„За жал власта не сака изгледа жителите на Центар да ја користат оваа повластица. Па затоа во истиот ден кога започна седницата на Советот добив писмо од Јавното претпијатие за паркинзи, сопственост на град Скопје, со кое ни најавуваат дека сакаат да ни преземат дел од општинските паркинзи, и на тие паркинзи да се наплаќа на сите, вклучувајќи ги и жителите на Центар.Се работи за паркинзите во Дебар Маало, Буњаковец, Дом на градежници“, рече Богдановиќ..

Ова барање, рече, нема логика, бидејќи сервисните и станбените улици ги оджува општина Центар, а за нив граѓаните на општина Центар плаќаат комуналии.

Недозволиво е еден да остварува профит, во случајот, Град Скопје, а друг да ги одржува улиците.

Според евиденција на општината нема добиено ниту денар ни од Град Скопје, ниту ид градски паркинзи за комунална такса од досегашното наплатување за паркинг на сите граѓани, особено од жителите на Центар.

„Бесплатен паркинг ќе има сакале или не Градските власти. Ќе побараме од општина Центар да започне постапка со која ќе побара да бидат ставени во владение на ЈП “ПОЦ“ сите паркинг површини, кои се во сопственост на Општината , а во моментов без никаква логика и правно образложение, ги стопанисува и на истите наплаќа паркирање Јавното Градско претпријатие “Градски Паркинг“.Сакам да ги повикам жителите на Општина Центар со потписи и со петиција да не им дозволиме на ЈП “Градски паркинг“ и понатаму да ги узурпираат овие површини за да наплаќаат паркирање и да го полнат буџетот на Градот Скопје“, рече Богдановиќ.

Ги повика жителите на Центар за се што ги интересира за бесплатното паркирање да се јават на телефонот 072 251 251

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски