(ВИДЕО) Богдан Илиевски: Не менувам политичка партија, ниту фудбалски клуб

Од:

Угосителските објекти во центарот на Скопје вечерва се преполни, атмосферата вжештена, а еуфоријата на зависно ниво. Помѓу навивачите во кафулињата и во тие што одеа накај стадион наидовме и на видни политичари.

Екипата на „А1он“ во кус разговор со Крсто Мукоски дозна дека пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ навива за Реал Мадрид и дека вечерва ќе го следи натпреварот од трибините на градскиот стадион. Неговиот колега Димитар Стевананџија, пак, рече дека навива за Барселона ама вечерва сака да победи и сигурен е дека ќе победи Манчестер Јунајтед.

– Мислам дека Манчестер има подобра екипа, бидејќи Мурињо е дбар стратег и има направено добра тактика и убеден сум дека прогнозите за вечерашниот натпревар ми се точни исто како кога во прашање е политиката, рече Стевананџија.

На прашањето дали очекувањата и предвидувањата се исти на политички план и во спортот тој одговори потврдно.

– Одиме заедно со Стевананџија затоа што имаме различни ставови односно навиваме за различни тимови, а на крајот и двајцата ќе частиме, ни рече Мукоски.

Меѓу бројните навивачи го сретнавме и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски, кој ќе навива за Реал Мадрид.

Еккипата на „А1он“ го сретна и поранешниот директор на Државниот архив Филип Петровски кој одби да даде изјава.

Новиот член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ кој беше предводник на протестите „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски, кога екипата на „Макфакс“ го сретна во Дебар маало рече дека ќе оди до тоалет, па ќе даде изјава, со што ја продолжи приказната од социјалните мрежи и шегите на негова сметка дека станал член на ИК затоа што неколку пати бил во тоалетот на партискиот штаб.

– Навивам за Барселона така било стално така е и сега, така што имам причина плус да го поддржам Манчестер Јунајтед бидејќи тренерот на овој клуб беше преведувач во ФК Барселона и истовремено и помошник тренер. Кога правиш пресметка кого повеќе не сакаш дали Реал Мадрид или Манчестер Јунајтед, како фан на Барселона ќе кажам Реал Мадрид. Иако ми е многу драго дека навивачите на Реал Мадрид во Македонија имаат ваква шанса да бидат домаќини во Скопје на нивниот омилен клуб. Јас сè би дал тоа да е и мојата Барселона. Мислам дека ќе победи Реал Мадрид бидејќи има посилен тим иако би сакал послабиот да замине со трофеј затоа што и Мурињо можете да го сакате или да не го сакате но морате да го почитувате како тренер, рече Илиевски.

Тој смета дека како што се почитуваат фудбалските клубови така треба меѓу себе да се почитуваат и политичките партии, но и луѓето кои припаѓаат на одредена политичка партија.

Додаде дека Македонија е една мала држава и луѓето не мора да се сакаат, но треба да се почитуваат.

На прашање што се менува полесно – политичка партија или клуб, Илиевски одговори дека не сменил ниту клуб ниту политичка партија.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Пијан скопјанец пред сопругата и децата пукал и тешко ранил познаник

Скопјанец пријавил сексуално злоставување на неговата малолетна ќерка

Скопјанец со нож и се заканувал на сопругата

Арсовска: Нашето Скопје треба да се сака со тоа што заедно ќе работиме да имаме поубав град

Скопјанка го нападнала сопругот и свекорот, па искршила дел од покуќнината

СДСМ: Скопје најзагаден град, а власта на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за загадениот воздух