(ВИДЕО) Бочварски: Скопје треба да добие градски железнички превоз

Од:

„На Скопје му е потребен градски и приградски железнички превоз. Ова се постигнува преку четири краци во и околу главниот град кои би се вкрстувале во скопската железничка станица.

Најпрвин, потребно е да се поврзе аеродромот со железничкиот превоз. Ова може да се постигне со изградба на нов крак од пруга во растојание од 5 километри, од Миладиновци до Аеродромот Петровец, како продолжение на кракот Миладиновци-Скопје.

Со изградба на овој крак за првпат би се поврзал скопскиот аеродром, со патничката железничката станица Скопје, како и со меѓуградската автобуска станица. Од тука преку другите краци ќе може побрзо да се стигне и до другите приградски места околу Скопје.

Другите три краци кои би се вкрстувале во патничката железничка станица Скопје се следните:

  1. Зелениково – Драчево – Лисиче – 11 Октомври – Железничка станица (од 24.5 километри)
  2. Миладиновци – Илинден – Маџари – Железничка станица (од 18.7 километри)
  3. Железничка станица – Пивара – Железара – Скопје Север – Ѓорче Петров – Сарај – Радуша (од 32.6 километри)

Со ова би се обезбедил многу побрз и посигурен приградски транспорт за оние патници кои се во близина на пругата, а освен градот Скопје, ќе бидат опфатени и 26 села од неговата околина. За ова е потребно да се направат дополнителни 23 стојалишта, покрај сегашните 16.

Возниот ред би се прилагодил на потребите, а потребно би било и да се набават и мали едноделни гарнитури со капацитет од околу 60 места за седење и нови видови билети за комбиниран превоз.

Реализацијата на еден ваков проект би ги дала следните резултати – би се намалил градскиот метеж како и бучавата и загадувањето на воздухот, а граѓаните би заштедиле време и пари“, изјави Благој Бочварски, претседател на Комисијата за транспорт и врски на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Милионските вмровски шеми во Еразмус+ мора да бидат расчистени и да следи одговорност

(ВИДЕО) Манасков: СДСМ со нови детали за скандалот со директорката – Кој стои зад вмровските шеми во Еразмус+?

(ВИДЕО) Јанковиќ: Нов скандал во Националната агенција Еразмус, Ана Михајлов осомничена од ОЛАФ назначена за в.д директорка?

(ВИДЕО) Битиќи: Срам за Владата, работниците и пензионери не се виновни за поскапувањата

Горан Наумовски

СДСМ: Се партизира секоја позиција, па дури и личните асистенти за децата со посебни потреби

СДСМ: Обвинителство да поведе кривична постапка за началникот Роберт Мартиноски и да ја прошири истрагата