(ВИДЕО) Бочварски: Продолжување на рокот за аплицирање за легализација е уште една мерка во интерес на граѓаните

Од:

„Владата предводена од СДСМ и парламентарното мнозинство продолжуваат со носење на мерки во интерес на граѓаните.
За легализацијата на бесправно изградените објекти да биде праведна и достапна за сите, Владата донесе одлука да се продолжи рокот за легализација до крајот на следната година.

Тоа значи дека сите граѓани кои претходно не успеале да поднесат Барање за легализација, сега тоа свое право да можат да го остварат во дополнителен рок, сметано од 01 јануари до 31 декември 2018 година.

Дополнително, ќе следуваат и нови 6 месеци, сметано од 01 јануари до 30 јуни 2018 година за сите граѓани кои за претходните Барања не ја обезбедиле неопходната документација, да стекнат право во овој дополнителен рок да поднесат нови Барања за легализација со комплетна документација.

И понатаму остануваат истите потребни документи за аплицирање, а услов за легализација е објектот да бил изграден заклучно со 3 март 2011 година.

Со овие измени на Законот за постапување со бесправно изградените објекти излегуваме во пресрет на илјадници граѓани кои досега поради различни причини не можеа навремено и комплетно да аплицираат за легализација на своите објекти.

Затоа, ги повикуваме останатите пратенички групи да дадат поддршка на измените бидејќи тие се исклучиво во интерес на граѓаните.

Парламентарното мнозинство и Владата предводена од СДСМ продолжуваат да ги остваруваат дадените ветувања и посветено да работат во интерес на граѓаните“, изјави Благој Бочварски, потпретседател на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Милевски: Борко да си поднесе оставка за резил олимпијадата, Македонија е посрамотена пред цел свет

СДСМ: Поради неспособност на ВМРО-ДПМНЕ ќе ни изгори државата

Горан Наумовски

СДСМ: Дали корупцијата е главен мотив за предавство на националните интереси со „Казанџи Холдинг“?

(ВИДЕО) Илиевски: Над 20 отсто од територијата на Македонија изгоре во пожари, не му оди на Мицкоски со патриотизмот

(ВИДЕО) Шукова: Скопје повторно ќе го издигнеме, со љубов кон градот и заедништво

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Режим на дело, почнаа нарачаните кривични пријави против кандидатите на СДСМ