Поради погрешните политики на криминалната власт Македонија загуби речиси 100 милиони евра неповратни средства од ЕУ за инфраструктурни проекти.
Без да се задолжуваат граѓаните, 100 милиони евра можеа да се инвестираат во патишта, железници, водоводи, канализации, инфраструктура.
Дополнително, делниците коишто се отпочнати во земјава со странски кредити чинат многу поскапо во споредба со други земји.
Километар автопат во Македонија во моментов чини повеќе од километар автопат во земјите членки на ЕУ како Бугарија, Хрватска па дури и Данска.
Во Бугарија цената за еден километар автопат изнесува околу 2 милиони евра а во Македонија по првичните пресметки околу 7 милиони евра.
Тоа е огромна и нелогична разлика, кажа на прес конференција, Благој Бочварски, претседател на Комисијата за транспорт и врски и член на Извршниот одбор на СДСМ.
Прашањето е зошто е толку голема разликата и каде завршуват овие пари?
Особено имајќи го предвид скандалот со провизиите од објавените разговори во рамки на Вистината за Македонија и скандалот „Актор“.
Потсетуваме, по скандалот „Актор“, европската канцеларија против измами – ОЛАФ отвори истрага за тоа како се трошат средствата од ИПА фондовите, за случајот со изградбата на делницата Демир Капија-Смоквица.
Криминалните политики се причина зошто Македонија некогаш беше лидер во регионот според квалитетот на патиштата а сега е на самото дно.
Од центар на Балканот, Македонија стана заобиколена земја, со најлоши патишта.
Како резултат на ова граѓаните во Македонија се движат по небезбеден пат.
Во Анализата на ЕУ за квалитетот и безбедноста на патиштата дури 39 проценти од патиштата во земјава се оценети за небезбедни и означени со црни точки. Македонија во регионот е позади Косово, БиХ и Србија.
Корупцијата и криминалот директно влијаат на лошата состојба на патиштата што земаат многу жртви.
Во ЕУ на два милиони жители просекот на жртви по патишта е 98. Во Македонија бројот на жртви е околу 150 лица годишно, но некогаш таа бројка некогаш достигнува и преку 170 лица.
Затоа борбата против корупцијата и криминалот е приоритет. Затоа постојано апелираме дека мора да се вложува во патиштата, во безбедноста на граѓаните, а не во споменици.
За СДСМ животот на граѓаните и нивната безбедност на патиштата е повреден од било кој споменик и од било која барокна фасада.
По демократските промени Македонија ќе сврти нова страница. Концептот што ќе го реализира новата одговорона влада предводена од СДСМ предвидува инвестиции од 3 милијарди евра во патната инфраструктура за 10 години.