(ВИДЕО) Бочварски: Ќе има одговорност за пропустите и земените провизии за патиштата

Од:

„Инфраструктурниот пустош што зад себе го остави неспособното и коруптивно работење на ВМРО-ДПМНЕ од ден на ден добива се подраматични размери.

По очигледните огромни пропусти на автопатoт Кичево – Охрид каде што само за еден тунел, поради пропусти во проектот, цената ќе се покачи од 29 на 89 милиони евра. Слични проблеми се јавуваат и во изведбата на експресниот пат Градско – Прилеп.

Постојат сериозни пропусти во делот на трасатa и проектната документација, непостоење или пак минимални геотехнички истражувања, како и појава на три досега неевидентирани археолошки локалитети поради коИ е издадено решение за привремен прекин на работите.

Ова е само уште една потврда за неспособноста, нестручноста и неодговорноста на претходната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.

Брзајќи да ги земат договорените провизии за автопатите Никола Груевски и неговите соработници нанесоа огромни штети врз интересите на граѓаните и Буџетот.

Коруптивното, нестручно и неодговорно владеење на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, ја закочи изградбата на автопатите, ги изневери очекувањата на граѓаните и го наруши угледот на Република Македонија. Затоа, мора да има одговорност за сите оние кои трошејќи ги народните пари преку земање провизии и криминални тендери, екстремно се богатеа на грбот на осиромашените граѓани.

Ќе има одговорност и за сите пропусти на споменатите автопати, за сите земени провизии, за сите криминални тендери и за секое криминално богатење на поединци на сметка на граѓаните и државата.

Владата предводена од СДСМ прави увид во фактичката состојба, ги санира штетите и ќе стори се за проектираните автопати да се завршат квалитетно и навремено, без при тоа да бидат загрозени интересите на граѓаните и државата. Истовремено, ќе се работи и на санирање, но и на изградба на нови патишта согласно предвидените проекти во Програмата на новата Влада“, изјави Благој Бочварски, потпретседател на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Насилникот од Охрид не е сам – проширување на истрагата и казни за сите што му помагале да се заташка

СДСМ: Тепачот на Сара, насилникот од Охрид бил пуштен на слобода поради врски со ВМРО – ДПМНЕ

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер