(ВИДЕО) Блажески: Претседателот на ЛДП има полоши политички способности и рејтинг од претходниците

Од:

Дејан Блажески, советник во општина Охрид и претседател на општинската организација гостуваше во емисијата „Под лупа“.

На прашањето зошто ЛДП на овие избори немале носител на листа како порано, одговори дека претседателот на СДСМ Зоран Заев одлучи да ги смести луѓето каде заслужуваат и според потенцијалите кои ги имаат.

„ ЛДП имаше носители на листи, како Жерновски и Пенов, а сега ја имавме и маестралната победа во Центар. Секој се наоѓа според својот рејтинг. или дејствување точно каде припаѓа. Се согласувам со Заев за сместувањето, овој пат ЛДП има и помал број на пратеници.

Сега ова е предмет на ЦО на ЛДП каде треба да се изјаснат за доверба или недоверба кон претседателот кој реално за разлика од претходниците има полоши преговарачки, квалитативни и политички способности и рејтинг. Тоа се внатрешно-партиски работи. ЛДП го доби местото кое го заслужуваше и не заслужуваше да има носител на листа“, рече Блажески.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зајкова: 102 молкa, еден живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство