Блажески: ДПМНЕ е гробар на иднината на Охрид

Од:

На седницата на Советот на општина Охрид, советникот Дејан Блажески реагираше на излагањето на заменик -градоначалникот Ангел Јанев, кој кажа дека во голем дел од државните училишта има несоодветен начин на оценување.

Дебатата се однесуваше на стареењето на Охрид, односно на се’ помалиот број ученици кои се запишуваат во основните и средните училишта.
Блажески го повика заменик- градоначалникот да размисли дали врши злоупотреба на својата советничка функција, која пак, е во колизија со тоа што тој практично се однесува како локален министер за образование.

„Истовремено, не знам зошто почитуваните директори од образовните институции Ви реферираат Вам? ! Не разбирам!“- запраша Блажески.

„Владата на ДПМНЕ го погреба државното образование, но тоа се’ уште е лидер. Видовме какви мерки продуциравте овие десет години за неиселување на младите. Жално е што секоја година гласаме за намалување на бројот на ученици. Вие сте дел од онаа гарнитура која избрка педесетина просветни работници за да вработи партиски подобни кадри.“- укажа Блажески.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Мицкоски: Mоите колеги кои ќе сакаат да градат академска кариера ќе треба малку повеќе да пишуваат научно-истражувачки трудови

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум