(ВИДЕО) Благајничката тврди дека Лидија Димова ѝ вршела мобинг: Имав притисок и од нејзина соработничка, со закани за убиство

Од:

Благајничката Ана Павлиду, која до денеска работеше во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, ја обвинува директорката Лидија Димова дека ѝ вршела мобинг на работно место.

Павлиду во интервју за „А1он“ тврди дека Димова неосновано ја обвинувала за недостиг на пари во благајна, бидејќи друго лице кое било ангажирано во агенцијата веќе потпишало изјава со која ја презема целата одговорност за случајот.

Таа додава дека Димова  неколку месеци одбивала да ја пензионира, бидејќи и покрај изјавата за одговорност, барала од неа да ги врати парите. Благајничката покажа и службена белешка во која навела дека добивала  смртни закани од соработничка на Димова.

„Јавноста веќе знае дека недостасуваат пари во благајната. Поради притисокот на јавноста, најсоодветното лице да се нападне бев јас. Работата излезе од контрола кога Управниот одбор, кој веќе подолг период знае дека недостасувале пари, не ја потпиша завршната сметка за 2019 година. Тоа беше акумулиран долг од речиси две години. Парите ги зело надворешно лице ангажирано во Агенцијата, имаме и докази како се подигнати и исплатени документи на кои тој се потпишал, но и изјава од негова страна дека тој ја презема целата одговорност, односно дека ги користел/подигнал тие средства. Меѓутоа, госпоѓата Димова му го прекина договорот на тоа лице и донесе одлука да ги врати средствата назад. Но тоа лице си замина, не ги врати парите и таа сега се нафрла врз мене“, вели Павлиду.

Благајничката тврди дека Димова одбивала да ја пензионира сè додека не поднела жалби за таквите постапки до сите надлежни институции. Усвојувањето на нејзините жалби било притисок за Димова да ја пензионира, тврди таа.

„Откако таа покрена постапка против мене, забранет ми е секаков пристап во Националата агенција. Канцеларијата ми е насилно отворена со комисија, одземени ми се сите документи. По 38 години работа како административен работник, некој да ме третира како криминалец е срамота. За тоа имам и службени белешки. Имав и закани врз живот од нејзина соработничка, која ми кажа дека ќе ме убие ако ми фали нешто во документацијата. Тоа го кажа во присуство на пет мои колеги. Јас имам добиено мериторна одлука од Агенцијата за администрација со која се укинуваат сите постапки и решението е дека не е докажано дека јас сум ја направила таа материјална штета, односно дека сум зела пари од благајна. Пишува и да се прекинат сите постапки против мене“, додава Павлиду.

Благајничката вели дека има намера да покрене приватна тужба против Димова.

„Не е пријатно чувството кога некој ќе ви каже меѓу редови дека сте криминалец. Таа на еден медиум буквално кажа: ‘Асистентот имаше помош од благајничката, која му овозможила да ги подигне тие средства’. Таа нема доказ за тоа. Во мериторната одлука пишува дека нема доказ дека јас сум ја направила таа материјална штета. Таа сакаше да ме погази. Со прст покажа ‘држете го крадецот’. Мал притисок ли е да не ви се дозволи одење во службени простории? Се чувствував бедно. Ми ја претресуваа и чантата. Имав притисок од нејзина соработичка, со закани за убиство“, тврди Павлиду.

Таа во интервјуто потенцираше дека не чувствува вина за ништо.

Би можело да ве интересира

Македонија треба да врати 2,2 милион евра злоупотребени од програмата Еразмус+

Катерина Ѓуровски

Почна судењето против поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова

(ВИДЕО) Лидија Димова не дојде на првото судење со оправдување за влошено здравје, судијката реагира: Не ми се допаѓа ваквиот почеток!

Кристијан Ландов

Обвинение за Лидија Димова, предизвикала штета од 20 милиони денари со злоупотреби

Кристијан Ландов

Вештачење ги дели Лидија Димова и соработниците од обвинение за злоупотребите во Националната агенција

Кристијан Ландов

Лидија Димова ја тужела Агенцијата со која директоруваше, додека чека Обвинителството да одлучи дали ќе ја гони неа

Кристијан Ландов