ВИДЕО: Битолчани фрлаа пари и му честитаа аболиција на Талески на прес конференција

Од:

Активисти на „Битолското движење“ се појавија на прес конференција на аболираниот градоначалник на Битола, Владимир Талески со транспарент „Честито аболиција“. Тие фрлаа со специјално изработени банкноти, со цел, како што велат, да го потсетат на неговиот лик и злодело.

Неговото име се споменува и во случајот на Специјалното јавно обвинителство наречен „Транспортер“ во кој тој е првоосомничен, но не може да биде покрената постапка кон него поради тоа што Ѓорге Иванов претходно го аболираше.

На прес конференцијата беше и министерот за транспорт и врски кој даваше изјава пред транспарентот на кој пишуваше “Честито аболиција“.

Би можело да ве интересира

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција