(ВИДЕО) Биљали: Ги повикувам граѓаните, партиите и невладините, време е за завршен удар

Од:

Овие 5 милијарди што ги снема се една капка вода во морето со оглед на тоа што е пропуштено поради минирањето на евроатлантските интеграции, наводно со името. Името е само замка, државата има загубено директни инвестиции најмалку 40 милијарди евра.

Ги повикувам сите граѓани, интелектуалци, политички партии и невладини организации, време е за завршен удар, рече пред демонстрантите Мерсел Биљали.

„Нема да ви се обратам вам тука, оти нема потреба за тоа. Вие го правите тоа што е основно човечко и морално. Ќе им се обратам на тие кои не се тука. Жално е што морам да константирам дека тие наликуваат на човек кој од пристојна далечина гледа како куќата му гори и се му пропаѓа. Децата му се внатре и сите роднини. Тој или се плаши од власта или е индиферентен или калкулира или мисли дека му се доволни 200 евра па нека иде се во пустош“, рече Биљали.

Би можело да ве интересира

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

Грчките земјоделци стартуваа 48-часовна блокада, граничните премини „Евзони“ и „Ники“ се затворени

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски

Протест „Стоп за УСЈЕ“, се бара дислокација на цементарата