(ВИДЕО) Бичиклиски: СДСМ не се огради и ги поддржува изјавите на Исмаил, Фрчкоски и Грчев

Од:

„СДСМ не се извини, не се огради и не ги осуди срамните изјави на Ѓунер Исмаил. Единствено прифатливо постапување од страна на СДСМ би било разрешување на Ѓунер Исмаил од сите партиски функции. Доколку СДСМ не го разреши, значи дека политички го заштитува и му ги оправдува изјавите против македонската борба за самобитност.

Тоа значи дека зад заканите на Ѓунер за минирање на спомениците, зад повиците на Фрчковски за нивно размонтирање со француски клуч, зад потценувачките изјави на Грчев стои СДСМ и никој друг.

СДСМ со ова покажува врвно непочитување кон македонската историја, спрема македонската држава и спрема граѓаните на РМ.

Еве го зад мене споменикот на Никола Карев. Овој македонски херој е првиот претседател на Крушевската република, таа е неговото дело. Но кое е делото и на Ѓунер Исмаил, и на Фрчковски, и на Грчев, заедно-самиот гола борба за личен интерес“, изјави Александар Бичиклиски.

Би можело да ве интересира

Левица: Македонија на колена пред Софија, ДПМНЕ ја продава историјата

ВМРО-ДПМНЕ: Од држава која беше на раб на банкрот, сега сме држава која е во топ пет економии во Европа

ВМРО-ДПМНЕ: Лажните душегрижници се во опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче останува со потрчковците на Заев

ВМРО-ДПМНЕ: Шукова прифаќајќи да биде кандидат за Скопје само му излезе во пресрет на Филипче

А1он

СДСМ: Колапс во ЕСМ – ВМРО-ДПМНЕ направи загуба од 45 милиони евра