ВИДЕО: Безбедни семејни паркинг зони за бремени жени и мајки со деца

Од:

„Безбедноста во сообраќајот е еден од главните приоритети на Министерството за внатрешни работи. Оттаму и како министер за внатрешни работи, но и како граѓанин, апсолутно ја поздравувам и поддржувам иницијативата на Автомото сојузот на Македонија за приклучување кон проектот за зголемување на степенот на сообраќајна безбедност, особено на оние популациски групи како што се во конкретниов случај бремените жени, односно мајките и дечињата до тригодишна возраст“ порача министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на презентацијата на проектот “Безбедни семејни паркинг зони“.

На настанот беше потпишан и Меморандум за соработка меѓу МВР и носителот на проектот, Авто мото сојузот на Македонија, како и Министерството за транспорт и врски, ЗЕЛС, Факултетот за безбедност и Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство за заеднички активности околу негова реализација.

Според Спасовски проектот “Безбедни семејни паркинг зони“ го заслужува должното институционално внимание.

„Како министер за внатрешни работи сакам веднаш да нагласам дека полицијата како и претходно, така и сега, е целосно отворена за соработка, за заедничко разгледување на сите идеи и предлози – како, кога, на кој начин ќе може сето тоа да се операционализира, а првенствено во интерес на нашите граѓани, односно во интерес на подигањето на нивото на сообраќајна безбедност“, нагласи министерот Спасовски.

Во склоп на проектните активности, планирано е обележување на посебно паркинг- место на паркинзите, резервирано за бремени жени и возачи на возила во кои се превезуваат деца до тригодишна возраст. Возилата на целните групи ќе бидат обележани со налепници.

 

 

Би можело да ве интересира

Битолската полиција за шест часа казни 77 возачи на мопеди и електрични тротинети

А1он

Убиство во Дуќанџик – пукаа кон петмина, 26 годишен скопјанец настрада

А1он

МВР: Криминална група лажираше надоместоци при регистрација на возила и переше милиони преку осигурителна компанија

Горан Наумовски

Од 16 уапсени за безобѕирно возење, деветмина се без положен возачки испит

А1он

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он