ВИДЕО: Без разлика која партија е на власт, за Водно нема спас

Од:

Владата на Рeпублика Македонија дефинитивно одлучи да го изгради планираниот гасовод на парк-шумата Водно со кој ќе биде уништен голем дел од зеленилото над Скопје.

Без разлика која партија е на власт, за Водно нема спас

Без разлика која партија е на власт, за Водно нема спас. Актуелната влада дефинитивно одлучи да го изгради планираниот гасовод на парк-шумата Водно со кој ќе се уништи голем дел од зеленилото.

Posted by A1on.mk on Среда, 30 мај 2018

На барањето на граѓанските организации трасата која поминува низ Водно за поставување на гасоводот да биде променета како не би се оштетувала шумата, од Владата одговорија дека тоа би чинело премногу и би го одложила проектот на подолг период, од три до пет години.

Вицепремиерот Кочо Анѓушев со цел да ги амортизира острите реакции од граѓаните вети дека за секое исечено дрво ќе бидат засадени најмалку уште десет нови. Ваквите ветувања за пошумување на Водно постојат уште од самиот почеток по одлуката за изградба на гасоводот.

Ексградоначалникот Коце Трајановски и поранешната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ исто така ветуваа пошумување на Водно за минимизирање на последиците од изградбата на гасоводот.

Граѓанските организации остануваат цврсто против уништување на зеленилото на парк-шумата и предупредуваат дека ова е најлошото решение од сите опции кои се вклучени за поставување на гасоводот.

Сепак, покрај сите спротивставувања на граѓаните, без разлика која партија е на власт, и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се силно решени гасоводот да оди преку Водно и покрај масакрот на дрвјата кој патем е веќе започнат.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снег на Водно, во неколку града и во скијачките центри

Катерина Ѓуровски

Ангелов: Пожари на две места на Водно и искршено стакло на продавница

Томески: Изгаснат е пожарот во планинарскиот дом на Водно

Пожар во планинарскиот дом на Водно

Горан Наумовски

Момче и девојче повредени во сообраќајка на Водно

Горан Наумовски

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно