ВИДЕО: Бесплатен третман до 18 години за 20.000-тото бебе родено во „Аџибадем Систина“

Од:

Во „Аџибадем Систина“ пред пет дена се роди јубилејното 20.000-то бебе сметано од основањето на болницата. Од управата доби подарок бесплатен третман до 18-годишна возраст. Тимот на болницата денес го прослави јубилејот.

„Целиот проект, целата идеја и нашиот сон почна 2001 година. Тогаш се формира ‘Мала Богородица – Систина’. Тоа беше прва приватна гинеколошка болница. Почнавме со 17 кревети и со 50 вработени за денеска да  ја гледате зградата, ја гледате болницата, која работи како клиничка болница со над 300 кревети, над 200 доктори, 1.200 вработени со сите специјалности застапени на сите одделенија. Оваа бројка од 20.000 бебиња е направена во текот на овие 20 години. Многу сме среќни што успеавме со нашиот сон, продолжуваме понатаму“, рече Слободан Дракулевски, специјалист по гинекологија и акушерство.

Гинекологот Слободан Лазаревски, кој работи на одделот за асистирана репродукција, рече дека 20 отсто од бебињата родени во болниците се од неговиот оддел.

„Кога ќе се соберат млади луѓе, ентузијасти полни со верба, со знаење и континуирана едукација, успехот е неминовен. За тоа се доказ овие 20.000 бебиња. Не само бебињата, туку и другите услуги растат со геометриска прогресија. Верувам дека за пет години, ќе се роди и 30.000-тото бебе, па за некои десетина и 50.000-тото бебе. Се гордеам што моето одделение, асистирана репродукција, учествува со дваесет проценти во овие 20.000 бебиња“, рече гинекологот Лазаревски.

Болницата од 2001 година до денес успеала да го намали бројот на предвреме родени бебиња и да ја унапреди грижата и за мајките и за бебињата.

„20.000 бебиња, 20.000 среќни семејства. Имаме голема причина да бидеме и радосни и горди и одговорно да продолжиме со ваквиот тип на работа. Особено се гордеам на центарот за патолошка бременост и високоризична бременост затоа што успеавме да го намалиме бројот на предвремено родените деца со бројки што се еквивалентни на најразвиените земји“, рече Гордана Петровска, специјалист по гинекологија и акушерство.

20.000-тото бебе во болницата се родило на 10 декември со спонтано породување.

Би можело да ве интересира

За пет дена тројца лекари заминаа од „Ре–Медика“: Ставридис, Димитров и Арсовски преминаа во „Систина“

Маја Илиевска-Пачемска

„Аџибадем Систина“ реагира на лажен повик за донации што се шири на социјалните мрежи

Жарко Настоски

„Жан Митрев“ ќе ги намали цените за лекување од Ковид – 19, за „Систина“ намалување нема економска логика

Маја Илиевска-Пачемска

Отворена нова педијатриска болница на „Аџибадем Систина“

Жарко Настоски

Двајца доктори сопружници од „Систина“ позитивни на Ковид-19

А1он

Филипче: Со трансплантацијата на срце, Иван го почнува вториот живот

А1он