Отварањето на граничниот премин Лојан – Миратовац останува празно ветување на ДУИ – патерицата на ВМРО-ДПМНЕ. ДУИ во сите изборни кампањи вети дека ќе го отвори граничниот премин Лојан – Миратовац.
Младината на БЕСА – Куманово, ја потсетува јавноста дека секое досегашно ветување на ДУИ било и останува само измама. Жителите на Лојан и Миратовац, иако се далеку само 1.5 км едно до друго, во отсуство на граничниот премин треба да патуват наоколу 20 км за да стигнат до другото село.
Веќе помина 2 години откако требаше да се отвори овој граничен премин, но од тогаш до ден денеска ништо не е променето. Остануват исти само празните ветувања на ДУИ, која во секоја предизборна кампања се обидува да ги измами жителите на овие села (Kумановски села) со ветувања кои никогаш не се реализираа. Преку ова симболична акција ние Младината на БЕСА го прашуваме ДУИ кога ќе ја пресече лентата за овој нереализиран проект, како што остана и многу други нереализирани проекти.