ВИДЕО: БЕСА со повик до Албанците финансиски да го поддржат Движењето

Од:

„Во духот на веќе определената автономија и автентичност, денес сме тука да го објавиме и официјално процесот на зачленување во Движењето БЕСА, како и да го објавиме финансискиот план, со што и на ваков начин ќе го потврдиме овој идентитет на БЕСА, но и со цел за транспарентно и независно функционирање на Движењето.

Така од 1 јули 2015 год. низ сите општински одбори ќе започне процесот на зачленување во Движењето. Затоа секаде ќе бидат поделени изјавите за членство, со чие пополнување ќе започнат да течат правата и обврските на секој член во Движењето. Заедно со формалното зачленување ќе следи и финансиската поддршка на БЕСА“, соопштуваат од БЕСА.

„За таа цел, согласно Законот за финансирање на политичките партии во Македонија, Движењето БЕСА своите приходи ќе ги обезбеди главно од два извори: јавните извори на финансирање и приватните извори на финансирање. Како што се знае, за користење на јавните извори потребно е да се учествува во избори. Затоа дотогаш Движењето БЕСА ќе ги користи приватните извори на финансирање, како што се: чланарина, донации, продажба на промотивен и пропаганден материјал, како и други приходи, кои се во согласно со Законот за финансирање на политичките партии.

Врз основа на Законот за финансирање на политичките партии, Движењето БЕСА може да прифати донации во парични средства, материјални средства, како и услуги. Затоа денес преку оваа конференција упатуваме повик до сите симпатизери, бизнисмени и граѓани Албанци, кои веруваат во нашата работа и кои го вреднуваат и го подржуваат нашиот ангажман за решавање на албанското прашање во Македонија, да го покажат тоа и преку финансиска поддршка.

Тие кои се заинтересирани да и помогнат на Движењето БЕСА, можат да не контактираат на електронската пошта [email protected] или на телефонскиот број 02/5110-838, при што на ним ќе им се дадат насоки на кој начин можат да ја извршат својата донација. Горенаведениот правилник и Финансиски план ќе бидат јавно достапни, така што секој ќе може да избере начин на кој ќе може да и помогне на Движењето БЕСА.

Ја информираме јавноста дека финансирањето на Движењето БЕСА ќе биде јавно и транспарентно. Секој граѓанин и секој член на Движењето БЕСА има право да има рамноправен пристап во инспектирање на финансирањето на Движењето БЕСА. Годишниот извештај за финансиското работење на Движењето БЕСА – во согласност со законската регулатива – ќе се достави до Управата за јавни приходи, Централниот регистар и Државниот завод за ревизија, додека истиот ќе се објави и на веб-страната на Движењето БЕСА.

За разлика од другите, кои на разни начини го ограбија на народот за нивните партиските и клановски потреби, Движењето БЕСА транспарентно и јавно бара поддршка од бизнисмените и граѓаните Албанци од Македонија и ветува дека донирањето и трошењето на секој денар во Движењето ќе биде исто така транспарентно и јавно, нешто што не се случило во овие 25 години демократија со ниту една политичка партија во Македонија.

При тоа сакаме да изразиме благодарност до сите досегашни бизнисмени, пријатели и содејци кои досега на доброволен начин и помогнаа на Движењето БЕСА. Заради притисоците кои може да им ги  направи оваа диктаторска власт, повеќето од нив решија да останат анонимни и ние ја почитувавме нивната волја, но заради транспарентност пред законот ние сме подготвени да го оправдаме секој денар кој се прелеал и кој се потрошил од страна на Движењето БЕСА“, велат од БЕСА.

Би можело да ве интересира

Седат Сулејмани избран за шеф на изборниот штаб на „Беса“ и коалицијата „Вреди“

Горан Наумовски

Сејдиу: Техничкиот ги навредува работниците, кабадаии во Собрание, кабадаии во Влада, кабадаии во полиција

Горан Наумовски

Беса: На средбата во Приштина со Курти и Конјуфца, присутните лидери ја посочија и идејата за претседател Албанец

Движење БЕСА: ДУИ, СДСМ криминалот и корупцијата се при крај

Горан Наумовски

Движење БЕСА: Криминалците на ДУИ се заменуваат со криминалци на Ахмети

Горан Наумовски

БЕСА: ДУИ да не ја штити платата на Беким Незири од 3000 евра, туку и да го исклучи од партијата