(ВИДЕО) БЕСА: СЈО до петок да ги процесуира случаите „Сопот“ и „Монструм“

Од:

„Како што секогаш сме го кренале гласот против неправдата и двојните стандарди што се случуваат во грб на албанците во Македонија, Движењето БЕСА и денеска повторно јавно и се обраќа на Јавното Специално Обвинителство до петок да ги процесуира случаите „Сопот” и „Монструм”. Безразлика на одлуката на Советот на Обвинителите за случајот “Сопот”, ние цениме дека СЈО има доволно материјали за да го иницира сама случајот така што да не дозволува политизираната правда на двојството ВМРО-ДУИ да не продолжат да играат уште со животите на луѓето од Сопот и Монструм.

Всушност, затворените од овие две значајни судски случаи се уште се предмет на необработени материјали од Јавното Специално Обвинителство кои ги поседуват, додека во петок може да биде крајниот рок за да се иницира да се процесуират овие случаеви. Ако ова не се случи до петок и после тоа ќе се оправдуваат дека поминат е рокот, ќе се цени како манипулација, предавство над тие што страдат со доживотен затвор само заради политизираната правда во Македонија. Всушност, секој ден поминат во затвор е непростливо кривично дело кое ја носи државата за овие граѓани секојдневно.

Бидејќи се знаат механизмите за да ја открие вистината за овие два случаи се во рацете на Специалното Јавно Обвинителство и на ова влада исто така беше ветување на Зоран Заев за гласачите албанци, кој што изјавуваше дека постојат факти дека албанците од овие случаи се осудани неправедно и се жртви на монтирани политички случаи, бараме што поскоро да се направи целосно осветлување на овие случаи. Во спротивно, ако овие случаи не се процесуират, ние ќе си дадеме за право да констатираме дека СЈО работи со политички диктат и работи како машина за перење која ги чисти корумпираните министри на ДУИ.

Движењето БЕСА цени, без целосно осветлување на овие случаи, не може да зборуваме за стабилна меѓуетничка ситуација и не може да веруваме на државните инстиуци.

БЕСА нема да молчи и нема да дозволи животот на албанците да зависи од политичките пазарења и нема да се откажеме се додека не се осветлуваат целосно овие неправдени случаи“ изјави Блерим Сејдиу од Движењето БЕСА на денешната прес-конференција.

Би можело да ве интересира

Влен: ДУИ ја вмеша и претседателката на Косово во барањето спас од одговорноста за криминалиите

Горан Наумовски

БЕСА ги избра кандидатите за министри и заменици во новата Влада

A1on

Седат Сулејмани избран за шеф на изборниот штаб на „Беса“ и коалицијата „Вреди“

Горан Наумовски

Сејдиу: Техничкиот ги навредува работниците, кабадаии во Собрание, кабадаии во Влада, кабадаии во полиција

Горан Наумовски

Беса: На средбата во Приштина со Курти и Конјуфца, присутните лидери ја посочија и идејата за претседател Албанец

Движење БЕСА: ДУИ, СДСМ криминалот и корупцијата се при крај

Горан Наумовски