Движењето Беса обвинува дека во училиштето во село Вртекица, општина Студеничани, е укината паралелка на албански јазик , според нив од политички причини. Градоначалникот на Студеничани, како што тврдат од Беса, го отстранил од работа наставникот кој бил негов политички неистомисленик, па наместо две паралелки на албански јазик,сега учениците се споени во една паралелка со повеќе деца од различни генерации.
– Има револт кај граѓаните, родителите повеќе од три недели ја бојкотираат наставата. Во паралелката има деца од прво до петто одделение, сега нивниот број е двојно зголемен, што е на штета на квалитетот на образовниот процес. Го информиравме Просветниот инспекторат и бараем од министерката за образование Рената Дескоска да ја укине одлуката, изјави пратеникот Реџеп Мемеди од Беса.