(ВИДЕО) Беса: Невиден парадокс, во некои градови се намалува бројот на населението, а се зголемува бројот на гласачите!

Од:

„Зголемувањето / намалувањето на населението во 2014-2015 и во првите девет месеци од 2016 година како и избирачкиот список во 2014 година и 2016 година.

Во Македонија се случува еден невиден парадокс ниту во некоја земја во Европа ниту во светот. Во општините населени со Албанци се забележува постојан пораст на населението, додека од друга страна намалување на бројот на гласачи. Од друга страна, општините населени само со Македонци бележат постојан пораст на смртноста (морталитетот), меѓутоа од друга страна се зголемува бројот на гласачи.  Ќе наведеме неколку примери:

 

  Население 2014-2015 Население 2016 Гласачи 2014  Гласачи 2016 Плус/минус гласачи
Битола Минус 564 Минус 187 80241 81496 Плус 1255
Дебарца Минус 114 Минус 36 4489 4675 Плус 186
Охрид Минус 57 Минус 19 50895 52800 Плус 1905
Кичево Минус 80 Минус 32 46789 49786 Плус 2997
Mаврово Плус 12 Минус 19 9003 9618 Плус 615
Ново Село Минус 117 Минус 56 10432 11412 Плус 980
Ресен Минус 142 Минус 66 16320 17011 Плус 691
Јегуновце Плус 3 Минус   7 9829 10033 Плус 404
Чаир Плус 992 Плус 426 56158 53939 Минус 2219
Сарај Плус 908 Плус 380 29149 29031 Минус 118

 

  • БИТОЛА во 2014-та, 2015-та и 2016-та година има намалување на населението од 751 жители, додека има 1255 повеќе гласачи.
  • ДЕБАРЦА во 2014-та, 2015-та и 2016-та година има намалување на населението од 150 жители, додека има 1902 повеќе гласачи.
  • ОХРИД во 2014-та, 2015-та и 2016-та година има намалување на населението од 76 жители, додека има 1905 повеќе гласачи.
  • КИЧЕВО во 2014-та, 2015-та и 2016-та година има намалување на населението од 112 жители, додека има 2997 повеќе гласачи.
  • МАВРОВО во 2014-та, 2015-та и 2016-та година има намалување на населението од 7 жители, додека има 615 повеќе гласачи.
  • НОВО СЕЛО во 2014-та, 2015-та и 2016-та година има намалување на населението од 173 жители, додека има 980 повеќе гласачи.
  • РЕСЕН во 2014-та, 2015-та и 2016-та година има намалување на населението од 208 жители, додека има 691 повеќе гласачи.
  • ЈЕГУНОВЦЕ во 2014-та, 2015-та и 2016-та година има намалување на населението од 4 жители, додека има 404 повеќе гласачи.

 

  • КАРПОШ во 2014-та, 2015-та и 2016-та година има намалување на населението од 394 жители, додека има 303 повеќе гласачи.
  • КИСЕЛА ВОДА во 2014-та, 2015-та и 2016-та година има намалување на населението од 206 жители, додека има 516 повеќе гласачи.
  • ЧАИР во 2014-та, 2015-та и 2016-та година има зголемување на населението од1418 жители, додека има 2219 помалку гласачи.
  • САРАЈ во 2014-та, 2015-та и 2016-та година има зголемување на населението од 1288 жители, додека има 118 помалку гласачи.
  • ГАЗИ БАБА во 2014-та, 2015-та и 2016-та година има зголемување на населението од 343 жители, додека има 702 помалку гласачи.

 

Овие тенденции се целосно во спротивност не само со статистичките основни правила но и со здравата логика. Се знае дека во општините населени со Албанци, поради високото ниво на наталитет, тоа се должи на поголемиот процент на млади луѓе во споредба со општините каде што процентот на наталитет е понизок, односно општини кои претежно се населени со Македонци.

Затоа, логично е во секој нов изборен циклус да има и зголемување на бројот на гласачите во општините  во кои има висока стапка на наталитет, во овој случај бројот на Албанските гласачи, поради тоа што голем број на млади луѓе наполнуваат 18 години и добиваат право на глас. Меѓутоа, во Македонија се случува спротивното, парадокс кој не присилува да се сомневаме дека се подготвува манипулација на следните избори. Овој парадокс е резултат на неспособноста на Албанската владејачка партија да го стави во нормален пат функционирањето на Државниот Завод за Статистика, Државната Изборна Комисија и другите институции кои имаат надлежност во оваа област, како МВР и Министерството за Правда.

За овој парадоксален феномен, Движењето БЕСА ќе ги извести дипломатските претставници во Скопје, мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, како и другите меѓународни и локални организации кои ги следат изборите.

Мисијата која ја имаме земено во политичката сцена не обврзува да ги ангажираме сите оние кои имаат способност за да ја спречиме девалвацијата на Албанскиот глас. Тие кои направија сценарија за да се манипулира со Албанскиот глас, на 11-ти декември ќе се убедат дека Движењето БЕСА нема да дозволи такво нешто. Оваа не е само наша обврска, но и обврска на секој Албанец, затоа ве повикуваме за зголемување на мобилноста на денот на изборите за да спречиме било каква манипулација“, изјави Блерим Сејдиу, Беса.

Би можело да ве интересира

Седат Сулејмани избран за шеф на изборниот штаб на „Беса“ и коалицијата „Вреди“

Горан Наумовски

Сејдиу: Техничкиот ги навредува работниците, кабадаии во Собрание, кабадаии во Влада, кабадаии во полиција

Горан Наумовски

Беса: На средбата во Приштина со Курти и Конјуфца, присутните лидери ја посочија и идејата за претседател Албанец

Движење БЕСА: ДУИ, СДСМ криминалот и корупцијата се при крај

Горан Наумовски

Движење БЕСА: Криминалците на ДУИ се заменуваат со криминалци на Ахмети

Горан Наумовски

БЕСА: ДУИ да не ја штити платата на Беким Незири од 3000 евра, туку и да го исклучи од партијата