(ВИДЕО) БЕСА: Клиничката болница во Тетово во хронична неспособност за менаџирање

Од:

Иако во неколку прилики сме изјавиле дека Клиничката болница во Тетово стана болнички центар, каде што луѓето се молат да не имаат потреба да одат, како ова да не беше доволно, раководството на оваа болница – со хронична болест на неспособност – не успева да ги реализира ниту распределените средства. Иако буџетот за оваа болница е помал и дискриминаторски во споредба со тој на болниците во Штип и Битола, поради лошото управување, Клиничката болница vo Тетово не успева да ги користи ниту тие малку средства наменети како годишен буџет. Фактот дека и Фондот за здравствено осигурување и болницата имаат управувачки персонал од ДУИ, зборува за тоа колку се посветени од ова партија да им нудат квалитетна здравствена услуга на граѓаните на Тетово и околината.

Вкупните средства кои не се користат се 31.246.653 денари или околу 508 илјади евра, додека од друга страна пациентите се жалат за лоши здравствени услуги, бидејќи се принудени сами да ги купуваат лековите и материјалите за време на нивниот престој во болница. Има недостаток на опрема и простории, а условите во болницата се речиси примитивни, оневозможувајќи го нормалното функционирање на медицинскиот персонал и на пациентите.

Одделот за здравство на Движењето БЕСА смета дека здравствената политика, предводена од биномот ВМРО-ДУИ го има уништено јавното здравство во Македонија, чии услуги главно се користат од страна на Албанските граѓани, поради тешката социјална ситуација. Со оваа горчлива реалност се соочуваат пациентите на Тетово, Гостивар, Струга, но и тие во клиниките во Скопје, каде што граѓаните секојдневно се соочуваат со проблеми и се лишени од квалитетни здравствени услуги, а за жал тоа често се плаќа дури со живот.

Движењето БЕСА во платформата Редефинирање посебно внимание и посветува на здравјето на граѓаните и ќе се ангажира со сите свои човечки капацитети за да создаде квалитетен здравствен систем, кој ќе биде еднаков и фер во обезбедувањето на услугите за сите граѓани.

Би можело да ве интересира

Седат Сулејмани избран за шеф на изборниот штаб на „Беса“ и коалицијата „Вреди“

Горан Наумовски

Сејдиу: Техничкиот ги навредува работниците, кабадаии во Собрание, кабадаии во Влада, кабадаии во полиција

Горан Наумовски

Беса: На средбата во Приштина со Курти и Конјуфца, присутните лидери ја посочија и идејата за претседател Албанец

Движење БЕСА: ДУИ, СДСМ криминалот и корупцијата се при крај

Горан Наумовски

Движење БЕСА: Криминалците на ДУИ се заменуваат со криминалци на Ахмети

Горан Наумовски

БЕСА: ДУИ да не ја штити платата на Беким Незири од 3000 евра, туку и да го исклучи од партијата