(ВИДЕО) Беса бара уставни измени и за правата на Албанците ако се гласа договорот со Грција

Од:

Движењето Беса со кое раководи Биљал Касами, соопшти дека ако во Собрание се прават уставни промени, тие ќе дадат предлози за унапредувањето на уставните права на Албанците во Македонија, како втора по големина етничка заедница. Потпретседателот Абдуш Демири додава дека при евентуални предвремени парламентарни избори, тие нема да коалицираат со СДСМ.

 

„Во духот на барањата кои се во интерес на Албанците во Македонија, Движењето Беса апелира до сите албански политички партии, дека со политичкиот дијалог и обврските кои произлегуваат од политичката маса на албанските парламентарни партии, треба да ги координираат прашањата од национален интерес на Албанците“, вели Демири.

Демири вели дека секое коалицирање на СДСМ со било која албанска партија, без заокружување на уставните права на Албанците, би биле штетни за нивните интереси. Тој посочи дека Беса како опозициска партија е отворена за соработка со сите албански политички сили, невладини организации.

Би можело да ве интересира

Влен: ДУИ ја вмеша и претседателката на Косово во барањето спас од одговорноста за криминалиите

Горан Наумовски

БЕСА ги избра кандидатите за министри и заменици во новата Влада

A1on

Седат Сулејмани избран за шеф на изборниот штаб на „Беса“ и коалицијата „Вреди“

Горан Наумовски

Сејдиу: Техничкиот ги навредува работниците, кабадаии во Собрание, кабадаии во Влада, кабадаии во полиција

Горан Наумовски

Беса: На средбата во Приштина со Курти и Конјуфца, присутните лидери ја посочија и идејата за претседател Албанец

Движење БЕСА: ДУИ, СДСМ криминалот и корупцијата се при крај

Горан Наумовски