(ВИДЕО) Бендевска: Ристоски откажи се од платата и живеј еден месец со 2.800 денари

Од:

Отпорот утрово беше пред Министерството за труд и социјална политика. Ова, рече Весна Бендевска е партиското министерство на сиромаштија.

Македонија, посочи има 32 проценти невработеност. Министерот, посочи сака со пиши-бриши политика да покаже дека Владата успеала да го намали акутниот проблем – невработеноста.

„Македонија е неславен рекордер, 56 проценти од младите се невработени,тие вадат карта во еден правец за странство. 7 години не е решен проблемот со стечајците. Врвна хипокризија на режимот е што надоместот за технолошки вишок го скрати. Спиро Ристоски напишал дека од 55.ооо семејства има само 36.ооо семејства кои користат социјална помош.

– Го повикуваме Ристоски да се откаже од министерската плата и привелигии и нека живее со 2.800 денари колку што изнесува социјалната помош за едно семејство. Владата дели билети за опера и балет за оние кои во контејнерите бараат корка леб“, рече Весна Бендевска.

Најави дека отпорот продолжува и дека ќе бидат пред сите институции.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите