(ВИДЕО) Бејкова до директорите на МРТ: Ќе се соочите со тужба од граѓаните

Од:

Граѓаните долго време дозволуваа со наши пари Владата да прави свои спинови и пирови, но тоа мора да заврши, беше речено на собирот на „Ајде“ Билјана Бејкова, граѓанска активистка и поранешен новинар во МРТ, му порача на актуелното раководство на МРТ, дека наскоро ќе се соочи со кривична пријава од граѓаните.

– Јавниот сервис со начинот на своето фунционирање и информирање постојано го крши законот според кој наместо да биде владин пропаганден мегафон, треба да биде независен од било кој државен орган, треба да обезбеди постојано, вистинито, целосно, непристрасно праведно и навремено информирање, како и да создава и емитува квалитетни програми за сите важни општествени случувања и процеси, затоа немојте да бидете изненадени кога ние ние граѓаните ќе ви испорачаме кривична тужба, рече Бејкова.

Таа нагласи дека овој настан е само почеток на граѓанското будење и на граѓанското движење за враќање на Македонската радиотелевизија на граѓаните Ајде да си ја вратиме вратиме МРТ! Ајде да си јавратиме слободата!, повика Бејкова Собирот и перформансот пред МРТ, денеска, го организираше „Ајде!“, која е платформа за граѓанска политика и претставува неформална, организирана група слободоумни поединци со различни идеи и ставови, која сака да ги зајакне и здружи расцепканите демократски сили и се стреми да ја врати моќта за носење политички одлуки во рацете на граѓаните.

Би можело да ве интересира

АЈДЕ: Уставот е мртов! Борбата продолжува!

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Устав без држава не бидува

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Напнато пред Уставен суд, полицијата ја стопира колоната со демонстранти

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Огромна колона тргна кон Собранието и Уставен суд

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Почна собирањето пред Влада

Емир Латифовиќ

„АЈДЕ“ бара да се повлечат контрадемонстрантите од пред Уставен суд

Емир Латифовиќ