ВИДЕО: Барокот на Трајановски по втор пат отфрлен од станарите

Од:

Станарите од зградата број 16 на улица Македонија го одбија барокот на Град Скопје. Иако градоначалникот Коце Трајановски им даде рок од десет дена да се предомислат и да прифатат барокна фасада, тие сепак ја одбија понудата по втор пат. Не им се допаѓа како ќе изгледа зградата по идеите на Град Скопје, и ја оценуваат како многу лошо решение. Уште помалку сакаат да прифатат да се реновира само предната страна од зградата од улица Македонија, додека задната страна да остане каква што беше.

10744721_10203983252994436_632607663_n

10744550_10203983253034437_1057204156_n

И покрај рокот што измина од десет дена, сепак Град Скопје не се откажува-луѓе од таму и денеска ги посетувале станарите и ги убедувале да го прифатат решението на Градот. Но, повторно, и во двата влеза кои се засебни правни субјекти нема согласност за фасада во барок стил.

Градот Скопје, решението за реновирање на предната страна од зградите го применува на сите згради во центарот на Скопје. На жителите не им се допаѓа ваквиот пристап и сугерираат дека зградите треба да се реновираат целосно, а не само да се залепи фасада од предната страна. Според нив, многу е побитно да се реши изолацијата од двете страни, и доколку се реновираат зградите тоа да се направи како што треба, а не само да се исфарба предната страна и да се залепат гипс и пластика да личи на барок.

Еве како ќе останат зградите од задната страна по реновирањето во барок стил.

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски тврдеше дека има договор со општина Центар-Градот да ја реновира предната страна, а општина Центар задната страна. Истото беше деменатирано од општина Центар од каде укажаа дека таков договор никогаш не бил потпишан, ниту постои, а дека Трајановски веројатно се повикува на нешто што усмено го разменил со поранешниот градоначалник Владимир Тодоровиќ. За Центар, беше несфатливо како може фасадите да се делат на предна и задна страна.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории