(ВИДЕО) Барокот го заглави обновувањето на „Езерце“

Од:

Култниот скопски ресторан „Езерце“ заглави помеѓу барокот на власта и желбата на општина Центар за враќање на автентичниот изглед но со модерено решение.

-Топката е во Министерството за транспорт и врски, испративме и допис за она што се случува, нас уште не ни го доделуваат градежното земјиште. Да беше наше градежното земјиште, ќе ја започневме изградбата, но немаме одговор три месеци од владата. Тие не го доделуваат на заинтересираните партнери, зашто се бара да биде барок, рече градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

Според него, истиот проблем е и со големиот објектот зад Рамстор.

Таму е се подготвено, но иако има решенија кои стигнаа од најголемиот турски архитект кои се современи и можеме да се пофалиме и надвор од регионот, се инстиира на барок.

Јас не можам да замислам “Езерце“ да биде барок, затоа ние одевме со современи решенија, граѓаните бараат автентичниот лик да се врати на објектот. Тие што се неколку луѓе заинтересирани за “Езерце“ , условот кој им се поставил е следен- ќе се реши проблемот со Центар, ако е само барок па дури и се дава надминување на висината. Јас и не гледам причнина барок од неколку ката да се појави во парк, “Езерце“ објектот треба да биде автентичен како што беше, рече Жерновски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар