(ВИДЕО) Баланс: По состанок на лекарите во министерството ги сменија ставовите за инсулинот

Од:

Од здружението „Баланс МК“ информираат дека неофицијално дознале дека лекрарите кои го сменија својот став по однос на инсулинот, биле на состанок во Министерството за здравство, и после тоа почнале да ги менуваат изјавите за медиумите дека промените на инсулинот нема да предизвика штета по здравјето на дијабетичарите.

„Не можеме да докажеме но знаеме. Имаше состанок во Министерство за здравство, каде беа повикани повеќе доктори и после тој состанок следуваа другите изјави“, рече Цевете Серафимовски од Баланс МК.

Според „Баланс Мк“ случаи на лечење со несоодветна терапија или друг инсулин имало во Радовиш. На девојче поради измешаната доза инсулинот и предизвикал компликации.

Дијабетичарите едногласно потврдија дека нема да дозволат некој да си поигрува со нивното здравје.

Дијабетичарите рекоа дека сеуште чекаат одговор од министерството за здравство каде бараат шест ендокринилози да гарантираат дека нема да има последици по пациентите со промената на инсулинот.

Би можело да ве интересира

Клековски: Дополнителната работа на лекарите вработени во јавното здравство не треба да е хаотична, анархична и со можности за злоупотреби

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски