Охридскиот градоначалник очекува дека хотелско туристичкиот комплекс во Љубаништа на индискиот милијаред Субрата Рој да се гради но не е сигурен дека комплексот би се изградил за време на неговиот прв мандат како градоначалник.
„Очекувам да се реализира овој проект. До крајот на вашиот мандат? Мислам дека тоа е невозможно, бидејки се разботи за огромен комплекс кој што вклучува многу објекти, многу градежни активност. Во склоп на тој објект треба да има околу 50 објекти за апартманско сместување, десеттина хотели, спа центри и луксуни вили. Ќе треба да се прават и водни пристапи за пловни објекти, така да е невоможно за четири години да се изгради еден таков голем комплекс, кој ако се изгради ќе биде најубавиотво Еврпопа“, рече Бакрачески.
Бакрачески вели дека два месеци не се сретнал со претставниците на Сахаријан Македонија.
„Последен наш контакт како локална самоуправа со Сахара Индија групацијата беше во министерството за транспорт и врски пред два месеци. Владата на Македонија формираше тимови за имплементација на овој проект, и во овој момент се работи на утврдување на легислатива во врска со работите кои треба да се изведуваат. Во овој момент тој проект е во надлежност на Владата на Македонија и се додека не бидеме консултирани за понатамошните активности јас не можам да дадам информации што се случува со овој туристички комлекс“, рече Бакрачески.
Проектот Сахараја Македонија на индискиот милијардер Субрата Рој на Охридското Езеро ќе отвори илјадници работни места, ќе ја продолжи туристичката сезона преку целата година, ќе има десетици илјади туристи, ќе има промет за дуќаните, за сите сервисни и други услуги, ќе придонесе за БДП, како и девизен прилив за локалното население, ова го истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во ноември минатата година.
Најавата за инвестирање на Субрата Рој дојде повторно откако му беа замрзнати сите сметки во Индија.
Тој преку „Сахара Груп“ требаше да врати 3 милијарди евра на измамените индиски граѓани во рок од три месеци.
Во текот на неговата посета на Македонија, тој изјави дека ништо од информациите за долгот кон Индијците не е вистина и дека тоа го измислуваат неговите непријатели и конкуренти во Индија.