(ВИДЕО) Баковска: Власта да ја повлече одлуката за отпуштање на 700 образовни асистенти за деца со попреченост

Од:

На околу 700 асистенти распоредени по основни училишта низ државата соопштено им е дека ќе бидат одјавени и да одат во АВРМ да се пријават како невработени.
Значи, околу 700 деца со попреченост учебната година ќе ја започнат без асистенти или со невработени без плата и здравствено. Сите се во неизвесност и не знаат што ги очекува. Ја прашуваме министерката Јаневска дали воопшто ја разбира потребата од асистенти и што значи тоа всушност за оние ученици кои реално имаат потреба од нивна асистенција, изјави Весна Баковска, наставничка, на собирот на наставници и просветни работници

– Го разбира ли министерката фактот дека децата со попреченост се приврзуваат со одредени личности и воопшто не е ниту професионално, ниту хумано да се менуваат луѓето кои веќе навлегле во суштината на работењето, само затоа што не се партиски послушници? Како министерке ќе ги погледнете во очи сите оние асистенти на кои им кажавте дека повеќе нема да работат и да се пријават во АВРМ како невработени? Дали мислите дека на овој начин ќе можете преку репресија да регрутирате нови членови во вашата партија, уценувајќи ги со работно место? Министерке, со вашите партиски задачи вие ја уништувате реалната потреба на децата со попреченост да имаат асистент каков што заслужуваат и оставате на работ од егзистенција луѓе професионалци кои посветено ја работеле својата работа.Затоа министерке немате оправдување. Учениците се поважни. Бараме итно да ја повлечете одлуката и асистентите да бидат вратени на работа – рече Баковска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: Директорка на училиште и нејзин помошник се коцкале во казино за време на екскурзија во Монте Карло

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

Локалните жители ја блокираа депонијата Краста: Шест месеци сме го голгота