Багери на Нефи Усеини копаат песок за неговата бетонска база која требаше да се урне

Од:

Граѓанската иницијатива „Охрид -СОС“ на нивната Фејсбук страна објави видео на кое се гледа како багери на охридскиот советник Нефи Усеини копаат песок на крајбрежјето на езерото за неговата бетонската база. Од граѓанската иницијатива посочуваат дека локацијата каде што се копа песок е во близина на базата, а видеото објавено на нивниот профил е од граѓанин кој го снимил ископот, при што во моментот кога се обидел да се доближи до механизацијата добил вербални закани од вработените со зборовите „ знаеш ли дека тука е забранет пристап“ и „тргни го телефонот, ќе ти го фрлиме у езеро!“

Од „Охрид СОС“ порачуваат до власта да го запрат дивото копање на песок и да ги казнат сторителите кои го правеле тоа, а бетонската база да ја затворат и да наложат нејзино рушење.

„Ако на почеток Усеини побарал сам да го стори тоа, а се покажа дека само излажал и купувал време, сега најдете фирма која ќе го стори тоа. Не чекајте, ако „Македонија Пат“ ќе ја руши дивоградбата во Скопје, нека дојдат после тоа и во Охрид, да се продолжи низата. Во спротивно од старт ќе покажете дека новата Влада е само лицемерие и неспособност завиткано во убава хартија. Само вистинска и решителна акција ќе покаже дека сите тие зборови не се само празни фрази во етерот“, пишуваат од иницијативата „Охрид СОС“.

Од иницијативата ги повикаа и охрабрија граѓаните да го следат примерот на овој човек кој го снимил видеото, да го сторат истото и да пријават незаконски дејства на јавни функционери. Воедно ги повикаа и медиумите да го пренесат видеото за да допре информацијата до јавноста и надлежните.

Би можело да ве интересира

Поднесено обвинение за Нефи Усеини за дивоградба во центарот на Охрид

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

A1on

Лазаревска: СДСМ бара одговорност за отстранувањето на спомен плочата од НОБ во Охрид, Пецаков да не молчи

Левица: Нефи поддржан од Пецаков ја отстрани спомен плочата на НОБ во Охрид

Бизнисменот Нефи Усеини, кој тепаше и градеше дивоградби, поднесе оставка од советничката функција во Охрид

Кристијан Ландов

Наместо затвор, Нефи Усеини доби казна под минимумот: парична глоба ќе треба да го натера да не тепа советници во иднина

Кристијан Ландов