(ВИДЕО) Бабановски: Според мои информации Албанците нема да наседнат на ваква плитка провокација

Од:

Зад овој акт стои актуелната владејачка структура која сака да се амнестира од криминалните активности што ги направи во државата, смета професорот Иван Бабановски, поранешен припадник на службата за безбедност и професор во пензија на Факултетот за безбедност.

Според него, нема човек во Македонија кој ќе поверува дека зад настанот стои опозицијата, имајќи ја во предвид нејзината сила и моќ, а во споредба со силата и моќта кои ги поседува власта. Власта е таа, вели Бабановски, која ги грабнала сите полуги на присила во државата.

По овој настан, вели тој, нема опасност од радикализација на основ на меѓуетнички односи, затоа што граѓаните се свесни дека тоа не им оди во прилог. Освен тоа, вели, контекстот е многу поразличен од оној во 2001 година кога граѓанскиот конфликт беше, посочува, наметнат однадвор и кога во регионот постоеше голема безбедносна нестабилност.

-Не може да ни се случи терористички упад од група со 40 терористи во униформи и тие да не остават никаква трага. Најмалку што ќе направеа, да беше така, ќе ја запалеа караулата во која ги уапсија четворицата бедници кои биле ставени таму како зајаци за отстрел. Ова е акт со кој треба да се сврти внимание од бомбите, но и од социјалниот набој во кој се наоѓаат македонските граѓани – вели професорот.

Бабановски предупреди на вакви сценарија неколку недели пред вчерашниот настан. Тој до детали го опиша она што се случи вчера велејќи дека на територијата на Липково има „група од четириесетина униформирани и вооружени ветерани на Ослободителната војска на Косово кои треба да фингират вооружен судир по нарачка на првите луѓе на владеачката структура“. Според негови информации албанските граѓаните ја „прочитале“ целта на оние кои стојат зад настанот.

– Со сигурност знам дека Албанците во Ваксинце, Слупчане, Оризаре, Опаје, Липково, Никуштак, Арачиново и скопски Чаир, нема да застанат никогаш зад ваква плитка провокација која им служи само на оние кои ги држат во социјално ропство граѓаните од албанска и од македонска етничка заедница – вели тој.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тодев: Полицајците во Танушевци и Гошинце немаат вода за пиење

А1он

Тачи – Ахмети: Насилството и инцидентите не се во ничиј интерес

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пронајден дел од одземеното оружје од караулата во Гошинце

Ана Ололовска

Лазански: Наредбата за напад УЧК ја добила од Вашингтон

Емир Латифовиќ

Русија изрази загриженост за инцидентот кај Гошинце

Емир Латифовиќ

Лајчак: Силна осуда на нападот во Гошинце

Емир Латифовиќ