(ВИДЕО) Бабановски: Оваа чума од власт да ја тргнеме што поскоро

Од:

Професорот во пензија, Иван Бабановски, кој пред три години беше лустриран од Комисијата за верификација на фактите, денес се обрати пред насобраните граѓаните кои протестираа пред Јавното обвинителство. Тој ги повика граѓаните да излезат на протести за да се ослободи државата од, како што рече, оваа чума од власт.

– Јас сум шампион во Македонија по лустрирање. Добив пред „нивниот“ суд кој ме ослободи од првата лустрација, за еден лудак од стадото на премиерор да ме лустрира повторно. Да знаете дека во библијата пишува дека стравот е грев. Ние Македонците сме библиски народ и гревот не ни приличи. Не сме овде да се бориме против нашата држава, туку против оние кои ни ја урнисуваат – рече тој.

Првиот јавен обвинител, Марко Зврлевски, рече, треба кривично да одговара поради непостапување за бројните скандали во кои е вмешана власта.

– Ги повикувам сите граѓани на Македонија, кои имаат интегритет, да се разбудат и да дојдат со нас ова чудо, оваа чума од власт да ја тргнеме што поскоро во интерес на граѓаните без оглед на нив национална, верска, социјална и секоја друга припадност – порача Бабановски.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај