ВИДЕО: Автомобил изгоре во центарот на Скопје

Од:

Возило од марката Опел Зафира се запали во центарот на Скопје. Според очевидците, човекот кој го управувал возилото, се паркирал на тротоарот спроти Македонски пошти и влегол во некој од околните дуќани. Од автомобилот брзо потоа избил пожар.


Соседите од околните дуќани виделе дека колата почнала да гори и викнале противпожарна екипа.

Пожарот сега е изгаснат и според првичните информации нема повредени, но оштетени се и други три возила кои биле паркирани во негова близина.

Сопствениците на оштетените возила кога дознале за настанот повикале полиција која е моментално на терен и прави записник.

Се уште е непознат идентитетот на човекот кој го управувал автомобилот. Според сопствениците на оштетените возила кои во моментот се на местото на настанот, тој избегал.

Полицијата во моментов е на терен и прави записник.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ