(ВИДЕО) Атанасов: Раководствата на училиштата да ги заштитат децата од партиски злопуотреби!

Од:

„Вакви повици до ученици, за бојкот на настава за партиски протести, никогаш повеќе нема да се повторат.

Оние кои злоупотребуваат деца и ученици, за лични, партиски, криминални агенди, многу брзо ќе се соочат со законот и ќе одговараат.

Недозволиво е да се повикуваат ученици да бојкотираат настава за да бидат дел од протести на кои се поттикнува и шири етничка и национална омраза.

Тоа е кривично дело!

Затоа порачуваме на раководствата на училиштата да ги заштитат учениците. Да не дозволат никој да манипулира и да ги злоупотребува за партиски цели.

И учениците и родителите имаат право да се чувствуваат безбедни, без какви било притисоци за време на училишниот ден и потоа.

Демократските процеси се незапирливи.

Училиштата ќе бидат места каде што децата ќе бидат воспитувани и образувани во духот на заедништво, соживот и демократски вредности.

Не за поделбите и изолацијата, да за иднината и за животот“, изјави Петар Атанасов, претседател на Комисија за образованиe на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни