(ВИДЕО) Атанасов: Никола Груевски нема повеќе ниту идеи ниту пари

Од:

„Освен што нема идеи, Владата на Никола Грувески повеќе нема ниту пари за нови вработувања во високото образование.

dobivaj vesti na viber

Со допис од Министерството за финансии преку Министерството за образование, Универзитетот Свети Кирил и Методиј, на 2 ноември е известен дека средствата за исплата на платите на вработените за месеците октомври и ноември ќе биде помал за 10 милиони денари. Односно, за платите на нововработените од првата група согласно Законот за трансформација на работниот однос“, рече Петар Атанасов, претседател на Комисија за образование.

„Намалувањето се однесува на сите државни универзитети, иако за вработувањата Министерството за финансии веќе дало согласност. Само на УКИМ согласно овој закон треба да се трансформираат во редовен работен однос 317 лица.

Значи, Владата предизборно сака да вработува ама за тоа пари во буџетот нема.

Што ќе се случи кога и втората група ќе го трансформира својот работен однос во декември а јануарската плата нема да ја добијат?

Само пред неколку месеци Груевски изјавуваше дека платите од октомври годинава ќе ги зголеми за 4%. Ама пари нема! Парите Никола Груевски одамна ги потроши!

Тоа е виртуелниот свет на Никола Груевски кој предзиборно ветува се и сешто.

Ветува ама ветувањата му се неостварливи.

Никола Груевски 10 години го уништува високото образование, ја урниса автономијата на универзитетот, трошеше милиони евра на се и сешто а сега сака народот да му ги плаќа сметките“, изјави Петар Атанасов.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Левица се против ЕУ, против стратешкиот интерес на замјава

Ана Ололовска

СДСМ: Арсовска само потврди, ВМРО ДПМНЕ е криминална партија

Ана Ололовска

Каевски: Институциите да ја испитаат улогата на Мицкоски во спорниот тендер

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија, затоа Мицкоски молчи за тендерот од 136 милиони евра

Катерина Павлова-Николовска

СДСМ: Ковачевски со Бајден, Мицкоски со Апасиев, тоа е разликата

Ана Ололовска

СДСМ: Улогата на шпицниот градоначалник Мицкоски во тендерот од 136 милиони евра да се утврди институционално

Ана Ололовска