(ВИДЕО) Арсовски: Заеви имаат 3 фирми во Петрич, Бугарија, пријавени на една иста адреса

Од:

„Народот вели кој лаже – тој краде.

Погледнете како Зоран Заев безобразно ја лажеше македонската јавност пред неполна година.

Зоран Заев тогаш велеше дека се што има му е во Македонија и дека нема компании во странство. Е ова почитувани, е бесрамно лажење на Зоран Заев“, рече Димче Арсовски – портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Вистината вели дека Заеви имаат 3 фирми во градот Петрич во соседна Бугарија, пријавени на една иста адреса. И тоа фирмата за градежништво Гомасиндра која од август 2018 е во сопственост на братучедот на премиерот, Трајче Заев, фирмата за транспорт и логистика Ориент Груп основана од Вице и Славица Заеви, па потоа превземена во декември 2018 година од Трајче Заев, братучедот на Зоран Заев и третата фирма, тоа е фирмата за транспорт и логистика, Радиша трејд во сопственост на зетот на премиерот, Радиша Бојовиќ Заев. Внимавајте три фирми на Заеви со слична дејност, формирани речиси во ист период, на една адреса во Петрич – Република Бугарија.

Прашањето е зошто Зоран Заев лажеше за постоењето на фирми во странство во сопственост на кланот Заеви? Очигледно беше затечен од овој скандал и затоа пелтечеше нервозно и хаотично одговараше на дуелот, односно не знаеше што да каже за потоа да признае дека навистина имале фирми во Бугарија и знаел за тоа. Постои основан сомнеж дека овие фирми не се туку-така формирани, туку дека целта е да се прават преку нив матни зделки и криминал. Сепак на крајот на краиштата на чело на овој клан стои еден аболицираниот за финансиски криминал а тоа Зоран Заев, кој не крие дека сака да биде главниот комерцијалист во семејните фирми.

Нервозата кај Заев и СДСМ, но и молкот кој завладеа за ова прашање, јасно покажува дека се одмотува една поголема афера која мора до крај да се расчисти и за која Зоран Заев треба уште веднаш да почне да дава одговори наместо да молчи и да ќути. Во овој случај со фирмите во Петрич сериозно мириса на криминален скандал.

Ги повикуваме медиумите да се одважат и будно да го следат овој скандал. Ова не е само една од многуте лаги на Зоран Заев, бидејќи искуството говори таму кај што се фирмите на Заеви секогаш станува збор за матни зделки и за милиони пари“, изјави Димче Арсовски – портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски