(ВИДЕО) Арсовски: Заев се откажал од македонското малцинство насекаде во светот

Од:

„Министерот за надворешни работи на соседна Грција, Никос Коѕијас, вчера на јавен сервис во Грција потврди дека со договорот се брише македонското малцинство насекаде на светот.

Коѕијас јавно потврди: Договорот го забранува тоа. Во договорот има член за тоа. Во член 49 од Уставот на Северна Македонија се вели дека БЈРМ се грижи за македонското малцинство надвор од нејзината територија. Тој член ќе биде сменет итн“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Министерот Коѕијас зборувајќи за македонската партија во Грција „Виножито” јасно кажа дека новиот договор кој го потпиша Зоран Заев, забранета е дискусија за постоење на македонското малцинство во Грција и затоа ќе се менува Уставот на Република Македонија.

Зоран Заев се откажа од македонското малцинство насекаде во светот. Зоран Заев кој бараше поддршка од дијаспората за да дојде на власт сега се откажа од нив и тоа ќе биде запишано и сменето во Уставот.

Никос Коѕијас за само два дена јасно си кажа дека со договорот и промена на името е сменет нашиот идентитет и ќе биде северномакедонски, а веднаш потоа и потврди дека Заев се откажал од македонското малцинство насекаде во светот.

Бараме веднаш и неодложно да одговори владата зошто македонското МНР нема демант на ваквите ставови на грчкиот министер Никос Коѕијас?

Зошто Зоран Заев не го демантира Никос Коѕијас ниту пак Алексис Ципрас во изјавите дека не постои македонска нација, дека тука живеат Северномакедонци и дека владата на Република Македонија се откажала од македонскиот идентитет?

Дали сето ова што го кажува грчкиот врв е вистина и дали молчењето значи одобрување?

Почитуван Заев, почитувани Социјалдемократски сојуз, граѓаните очекуваат одговор на овие прашања“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од Обвинителството за пуштањето на осомничениот за нападот врз Сара

Левица: “Транспарентност“ по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, итно да се повлече предлог-законот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски