(ВИДЕО) Арсовски: Заев пред само 2 години гарантираше дека нема да се смени Уставот

Од:

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски на прес-конференција изјави дека Заев, Димитров и останатите од СДСМ потпишале капитулантски и срамен договор за Македонија и македонскиот народ.

– На почетокот на оваа прес конференција да се потсетиме што Зоран Заев говореше пред да дојде на власт. Зоран Заев на предизборен митинг во 2016 година, пред само 2 години, гарантираше, значи повторувам гарантираше, дека нема да се смени Уставот и дека никој немал право да го менува. Сме имале одличен и европски Устав како што рече тој. Ова што го видовте и слушнавте е само една вешта манипулација на Зоран Заев до сите граѓани за да дојде на власт и веднаш потоа да тргне во распродавање на Република Македонија. Името, идентитетот, националноста, откажувањето од македонското малцинство насекаде во светот. И сето тоа да стои запишано во Уставот на државата кој сака да го промени, рече Арсовски.

Тој рече дека Заев ги чини прескапо граѓаните на Република Македонија.

– Зоран Заев е човекот кој ги изманипулира граѓаните под превезот на нереалните плати кои што ги вети, нереалните пензии кои што впрочем ги намали, а не ги покачи и проекти кои што воопшто не се ни реализираат за да потоа склучи капитулантски договор за нашата држава. Народот e обединет и многу повеќе свесен за она што ни се случува во нашата држава. На Македонија и е потребна народната мудрост каква што одсекогаш ја имал нашиот народ. И сега е потребно да се слушне неговиот глас посилно и погласно од било кога досега. ВМРО-ДПМНЕ останува со народот и понатака. Овој криминален картел на власт мора да падне. Зоран Заев ќе падне, а Македонија ќе победи, рече Арсовски.

Би можело да ве интересира

Младеновска: Оставка за Клековски, призна дека „црвените светла“ се запалиле предоцна во Гостивар

Петрушевски: Додека СДС се занимава како да ќари политички поени, надлежните во државава работат и ситуацијата во Гостивар се стабилизира

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите се справуваат со состојбата во Гостивар без одлагање

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата СДС, ДУИ, Таравари го доведе Гостивар до колапс, повикуваме да се расчисти зошто над 1000 граѓани пројавија симптоми на труење?

ВМРО-ДПМНЕ: Заради виктимизација СДС, Левица и ДУИ ја одбија досега невидената понуда и бланко лист од Владата