(ВИДЕО) Арсовски: Заев лично ја извади Катица Јанева од затвор да не пропее

Од:

„Втор ден од СДСМ молчат за ослободувањето на Катица Јанева и вдомувањето кај нејзиниот син Лазар Јанев, кој исто така е под кривична пријава од оштетен во случајот „Рекет“.

Зоран Заев лично ја извади Катица Јанева од затвор, се со цел да не пропее и да не ја разоткрие целата шема на рекетирање во која директно е вмешан политичкиот врв на СДСМ.

Русковска обвинителството и Кацарска судството совршено, но провидно го глумат театарот дека наводно се караат за ослободувањето на Катица Јанева, додека пак Заев, СДСМ и Владата молчат и гледаат од страна.

Сите се свесни дека Зоран Заев е тој што ја ослободува Катица Јанева од притвор, бидејќи и самиот си имаше кажано уште на лидерската средба во Собрание пред неколку месеци дека ќе ја ослободи и ќе ја извади Катица Јанева од притвор“, рече Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Нема јакна што може да го покрие срамот од оваа срамна и смешна одлука на институциите.

Сценариото е организирано од СДСМ. Целата постапка за случајот „Рекет“ се водеше непрофесионално и аматерски. Катица Јанева најпрвин ги избриша доказите и ги форматираше компјутерите во СЈО, потоа ги изгуби телефоните исто како и Фросина Ременски.

Целта на ваквата аматерска истрага е да Вилма Русковска го заштити Зоран Заев од криминалниот случај за рекетирањето каде што најпрвин негираа дека има случај, па негираа дека се вмешани политичари од СДСМ и на крај се испостави дека се што говоревме од оваа говорница е точно и е така.

Ослободувањето на Катица Јанева и уште 1000 други криминалци претходно во изминативе 2 години откако е СДСМ на власт е доволен показател дека власта, Заев, Оливер Спасовски, СДСМ и сите останати се во длабока спрега и коалиција со криминалот и тоа мора да се казни.

Одговорност за ваквото однесување на Обвинителството и Судот мора некој да сноси.

Потребна е обнова на Македонија и тоа ќе се случи веднаш по 12 април“, изјави Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски