(ВИДЕО) Арсовски: Вработените во СД ПЕЛАГОНИЈА биле принудени во текот на работното време да носат партиски маици од СДС за да влијаат врз студентите

Од:

„Социјалдемократскиот сојуз и Заев најгрубо ги партизираат и силуваат институциите, а со тоа и директно го нарушуваат изборниот процес.

Позади мене, на овој екран, имаме слика од вработена во Студентскиот дом ПЕЛАГОНИЈА, која според наши извори била принудена во текот на работното време да носи партиска маичка со партиски обележја од Социјалдемократскиот сојуз се со цел влијаење врз студенти кои домуваат во студентскиот дом.

Ова е најгрубо партизирање на институциите од страна на Социјалдемократскиот сојуз. Ова е директно нарушување на изборниот процес. Ова е класично мешање на партија и држава, што Социјалдемократскиот сојуз го спроведува уште од првиот ден.

За жал, ова не е прв случај на мешање на партија и држава. Социјалдемократскиот сојуз ги запоседна институциите со своите партиски кадри, кои се во функција и им водат изборна кампања на кандидатите на Социјалдемократскиот сојуз.

На другата слика можеме да ги видиме министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со кандидатот за градоначалник на Социјалдемократскиот сојуз во Охрид, Јован Стојаноски во придружба на Димитар Вервезовски, претседател на Општинската изборна комисија во Охрид. Значи замислете, човекот кој треба да гарантира фер избори, оди заедно во кампања и агитира за кандидатот на Социјалдемократскиот сојуз и тоа во придружба со министерот за внатрешни што, по секоја логика, полицијата треба да биде непартиска.

Имаме и уште еден случај на мешање на полицијата и партијата.

На третата слика можеме да забележиме дека на партиски настан во Росоман каде што се појавува Радмила Шекеринска, во нејзина придружба е Тони Стојанов кој е инаку инспектор во Полициска Станица Кавадарци. За овој човек имаме информации дека редовно се појавува на партиските настани на Социјалдемократскиот сојуз.

Социјалдемократскиот сојуз во министерството за внатрешни работи ги маргинализираше професионалните кадри, а за сметка на тоа постави партиски кадри кои секојдневно агитираат и вршат притисок врз граѓаните да гласаат за кандидатите на Социјалдемократскиот сојуз.

Бараме одговорност и брза реакција од страна на надлежните и исто така ги повикуваме сите релевантни институции кои се вклучени да ги следат нерегуларностите во изборниот процес веднаш да реагираат на нарушувањето на изборниот процес и најгрубото мешање на партија и држава од страна на Социјалдемократскиот сојуз.

Сите овие примери се уште еден доказ дека Социјалдемократскиот сојуз се исплашени, затоа што ќе ги изгубат изборите на 15-ти октомври и затоа што на терен ги вадат сите свои партиски кадри од институциите да вршат притисок врз гласачите. Но сепак сето ова им е џабе, бидејќи граѓаните ќе ги поразат на 15-ти октомври со пенкалото во рака“, изјави Димче Арсовски, потпретседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ